ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ТОКИО 2020

Американецот остана без злато иако истрча побрзо од стариот светски рекорд

Трката на 400 метри со пречки во Токио понуди многу возбудувања и беше една од најдобрите во историјата на Олимпијадата.

Американецот Раи Бенџамин не можеше да поверува дека остана без златен медал, иако истрча со време побрзо од светскиот рекорд.

Славеше норвешкиот атлетичар Карстен Ворхолм, кој постави нов светски рекорд на спектакуларен начин, со време од 45,96 секунди.

URL

Ворхолм го држеше светскиот рекорд и пред Олимпијадата, но во Токио го постигна она што многумина го сметаа за невозможно - тој ја истрча делницата за помалку од 46 секунди.

Бенџамин, кој исто така трчаше феноменално, и ја мина целта со време од 46,17 минути, што исто така ќе биде нов светски рекорд, призна дека не може да поверува дека сепак останал без злато.

URL

„Да ми кажевте пред Олимпијадата дека ќе истрчам 46,17 и ќе загубам, веројатно ќе ве истепав. Видов на семафорот 45,94 и се прашував што се случува. Ги видов моите 46,17 и мислев дека нема шанси да сум истрчал 46,17 и да загубам“, рече Американец и додаде:

„Ова беше веројатно најдобрата трка во историјата на Олимписките игри. Дури и Болт со светскиот рекорд не е подобар од ова“, рече 24-годишниот Бенџамин.

Третото место и бронзата му припаднаа на Бразилецот Алисон дос Сантос, кој истрча многу блиску до стариот светски рекорд (46,72).

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе