37-годишен Ирец е уапсен во врска со убиството на Американка во Унгарија.
Мекензи Михалски (31) од Портланд беше пријавенa за исчезнатa во вторникот. Последен пат била видена во ноќен клуб во центарот на Будимпешта.
Полицијата започна истрага и ги прегледа безбедносните камери од локалните ноќни клубови. На снимките забележале дека Михалски ноќта на нејзиното исчезнување била во друштво со осомничениот маж. Триесет и седумгодишен маж во четвртокот бил приведен и сослушан во полиција, а подоцна го признал убиството.
Семејството и пријателите на исчезнатата Американка се упатиле кон Унгарија за да помогнат во потрагата по неа, но по пат дознале дека таа е убиена. Синоќа во Будимпешта се одржа бдеење со свеќи.
„Немаше причина да се случи ова. Сè уште се обидувам да сфатам што се случило... Не знам дали некогаш ќе сфатам“, изјави Бил Михалски, таткото на жртвата.
Инспекторите велат дека Михалски и осомничениот се сретнале во ноќен клуб и танцувале пред да одат во неговиот изнајмен стан. Осомничениот, идентификуван од полицијата како Л.Т.М., го признал убиството, но рекол дека се работи за несреќен случај.
Полицијата соопшти дека тој се обидел да го прикрие злосторството така што го исчистил станот и го сокрил телото во плакарот пред да купи куфер и да го стави телото внатре. Потоа изнајмил автомобил и се упатил до езерото Балатон, околу 150 километри југозападно од Будимпешта, а телото го оставил во блиската шума.
Видеото објавено од полицијата покажува како осомничениот ги води властите до местото каде што го оставил телото. Полицијата истакна дека осомничениот на интернет пребарувал како да се ослободи од тело, полициските постапки во случаите на исчезнати лица, дали свињите навистина јадат мртви тела и за присуството на диви свињи во областа на езерото Балатон.
Фотографиите од местото на злосторството објавени од полицијата покажуваат куфер, неколку парчиња облека, вклучително и пар чизми и мала чанта до кредитната картичка на жртвата.
‼️
Posted by Magyar Rendőrség on Saturday, November 9, 2024