Американска осигурителна компанија ќе исплати над една милијарда долари за шумските пожари во Калифорнија

Макфакс
/ 08.02.2025 / 10:35

Американската осигурителна компанија Allstate Insurance денеска го соопшти својот план за исплата на 1,1 милијарда долари (1,65 милијарди евра) за покривање на штетите предизвикани од пожари кои ја зафатија Јужна Калифорнија во јануари. Иако сумата е значајна, компанијата истакна дека успеала делумно да ги намали своите загуби со повлекување од пазарот во Калифорнија, како што го соопшти CNN.

Сепак, според извори, износот што треба да го плати Allstate е само мал дел од вкупните побарувања за осигурување по јануарските пожари.

Се очекува сопствениците на околу 16.600 недвижнини да бидат обесштетени, а истражувачката компанија CoreLogic, која ги следи трошоците за катастрофи како што се пожари и урагани, оценува дека вкупните побарувања може да се движат помеѓу 35 и 45 милијарди долари.

Поради зголемената опасност од шумски пожари во повеќе области на Калифорнија, многу осигурителни компании, вклучувајќи ја и Allstate, ги откажуваат полисите за сопствениците на куќи, што резултира со поскапи и често ограничени осигурителни алтернативи.

реклама

Свет

Американски разузнавачи: Русија развива сателити кои носат нуклеарно оружје

Read more

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Read more

Екстремно десничарската АфД за прв пат е најсилна опозиција во Германија

Read more

Трамп вети дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа: Што направи оттогаш?

Read more
 

Вести

Американски разузнавачи: Русија развива сателити кои носат нуклеарно оружје

Читај повеќе

В недела меморијален марш за Благојче Илијевски кој почина од цистична фиброза чекајќи „Трикафта“

Читај повеќе

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Читај повеќе

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Читај повеќе

Прилепскиот театар затворен - објектот е опасен за ансамблот и публиката

Читај повеќе

Истрага против татко и двајца синови: Држеле во заложништво шест млади мигранти

Читај повеќе

Екстремно десничарската АфД за прв пат е најсилна опозиција во Германија

Читај повеќе

Трамп вети дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа: Што направи оттогаш?

Читај повеќе

Левица бара разрешување на директорот на болницата во Демир Хисар

Читај повеќе