Компанијата Lockheed Martin на американската војска ѝ достави ласер со сила од 300 kW, што значи дека е најмоќниот досега.
Ласерот е развиен во склоп на иницијатива на Пентагон, која за цел има засилување на индустриската база на насочена енергија и подобрување на квалитетот на ласерските зраци.
Lockheed Martin во август годинава испорача ласер од висока енергетска класа, со интегриран оптички заслепувач и надзор (HELIOS), а тоа е првиот систем од тактички ласерско оружје интегрирано во бродовите.
Ласерот со сила од 300 kW е спремен за интеграција, а Lockheed Martin се фокусира на намалување на големината и тежината на ласерското оружје за да може да се користи и на земја, на море и на потенцијални воздушни платформи.