Американската војска сака да гради фабрики на Месечината

Плановите за воспоставување лунарна база се веќе во тек, а НАСА за Месечината рече дека е „влез во Сончевиот Систем“.

Тајна американска воена единица бара начини да изгради фабрики и други големи објекти на Месечината што ќе му служат на Министерството за одбрана.

Агенцијата на Министерството за одбрана одговорна за развој на нови технологии за американската војска (DARPA) започна нова програма наречена „Ново производство, материјали и ефикасен дизајн за орбита и Месечината“ (NOM4D), што може да доведе до развој на нови технологии да се подигне големи месечеви структури кои ќе се градат во вселената.

Градбите треба да бидат изградени од различни материјали и да имаат нов концепт и неземски дизајн, кој може да се користи за изградба на „големи и отпорни системи“.

Компаниите што ќе предложат технологии што DARPA би можела да ги избере за својот проект, се бараат идеи за дизајн кои би биле толку ефикасни што би можеле да се градат надвор од Земјата.

Плановите за воспоставување лунарна база се веќе во тек, а НАСА за Месечината рече дека е „влез во Сончевиот Систем“. Мисијата на НАСА Arthemis има за цел да слета астронаути на Месечината до 2024 година, а крајната цел е да се воспостави трајно човечко присуство на Месечината. Една од најголемите пречки за постигнување на ова е изнаоѓање начини за искористување на ресурсите на Месечината што би можеле да се користат во иднина за изградба на структури на Месечината, пишува Independent.

НАСА активно размислува да развие некакво сместување на Месечината во кое би можеле да се сместат астронаутите.

Од друга страна, руската вселенска агенција Роскосмос преговара со Кина и други меѓународни партнери за формирање база на Месечината.

Генералниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, изјави дека во моментов се водат преговори за формирање истражувачка база на Земјиниот сателит. Русија планира да испрати астронаути на Месечината во 2028 година.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Вести

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе