Американски демократи го објавија можеби најубедливиот доказ против Русија

Вашингтон, 11 мај 2018 (МИА) -  Американски конгресмени од редовите на демократите објавија 3.500 реклами од Facebook, кои ги направила или промовирала руската компанија Агенција за истражување на интернетот.

Со таквиот потег најубедливо досега го прикажале обидот на Русија да предизвика расни и политички поделби во САД пред и по изборите во 2016 година.

Поголемиот дел од тие реклами изнесуваат аргументи за или против имиграцијата, правата на припадниците на ЛГБТ заедницата, правата на носење оружје и други прашања, а во повеќето од нив е присутен обид да се поттикнат расни поделби со споменување на полициската бруталност или омаловажување на меѓународното движење „Животите на црномурестите се важни“.

Некои реклами го промовираат претседателот на САД, Доналд Трамп, кој беше опозициски кандидат на претседателските избори во 2016 година, или сенаторот Берни Сандерс, кој на внатрепартиските избори во Демократската партија и беше противкандидат на Хилари Клинтон. Поддршка за неа постои само во неколку реклами.

Демократските конгресмени ги објавија рекламите кои се пласирани на Facebook во периодот од почетокот на 2015 до средината на 2017 година, но не и 80 илјади објави кои Агенцијата за истражување на интернетот, исто така, ги споделила на таа социјална мрежа.

Facebook во септември минатата година објави дека откри реклами кои предизвикуваат поделби и оти тие се платени со руски рубљи. Тие се појавуват на Facebook и во јули и во август 2017, пред самото нивно објавување. Специјалниот советник Роберт Мулер, задолжен за истрагата на руското мешање во американските избори во 2016 година и можната поврзаност на изборниот штаб на Трамп со Москва, во февруари подигна обвинение против 13 руски државјани поради учество во заговор со цел да се влијае на изборните резултати. Сите обвинети работеле за Агенцијата за истражување на интернетот, чие седиште се наоѓа во Санкт Петербург.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Свет

Гулабарник или ЕУ?

Read more

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Read more

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе