Свет

Американски конгресмен осуден за сексуално малтретирање

25. септември 2017 - 20:53 | Макфакс

Поранешниот член на американскиот Конгрес, Ентони Вејнер, денеска беше осуден по обвинение за сексуално малтретирање на 15-годишно девојче.

Вајнер беше осуден на 27 месеци затвор откако претходно се изјасни како виновен за обвинението дека испратил несоодветен материјал до малолетно лице.

Обвинителството соопшти дека тој го прекршил законот со тоа што влегол во незаконски однос со 15-годишното девојче преку Skype и Snapchat. Навиката за практикување „sexting” ги уништи неговата кариера во Конгресот, кандидатурата за градоначалник, како и неговиот брак со Абедин Хјум, поранешна соработничка на Хилари Клинтон.

Оваа приказна стана проблем на крајот на трката во САД во 2016 година, кога тогашниот директор на Федералното биро за истраги, Џејмс Коми, цитираше мејлови пронајдени во лаптопот што го користел Вејнер, како би го оправдал повторното отворање истрага за приватниот компјутерски сервер на Хилари Клинтон.

Коментирај