Живот

Американски милијардер го отплати студентскиот долг на цела генерација

21. мај 2019 - 10:26 | Б.С.Б.

Околу 400 студенти од колеџот Морхаус  во Атланта, Џорџија добија неочекуван подарок за крајот на школувањето, откако милијардерот и филантроп Роберт Смит го отплати студентскиот долг на цела генерација, во износ од 40 милиони долари.

Пред да го отплати долгот милијардерот на колеџот му донираше 1,5 милиони долари.

Морхаус е колеџ на кој претходно студирале Мартин Лутер Кинг, славниот режисер Спајк Ли, актерот Самјуел Л. Џексон и други.

„Студенти, опкружени сте со луѓе кои ви помогнале денес да бидете овде. Во името на осум генерации на моето семејство, колку што сме во оваа земја, ќе ви дадам малку поттик“, изјави милијардерот Смит, кој беше главен говорник на церемонијата на дипломирање.

Тој во говорот им порача на студентите дека во целост ќе биде отплатен нивниот студентски долг.

„Знам дека оваа генерација ќе покаже дека е тоа исплатливо. И сакам секоја наредна генерација да личи на оваа, се надевам дека сите ќе имаат можност да напредуваат. Бидејќи можеме да водиме сметка едни за други и да обезбедиме шанса за остварување на американскиот сон“’, изјави Смит.

Студентите, некои од нив биле должни и по десетина илјади долари, во исто време биле и шокирани и среќни.

Коментирај