Американски научници одгледаа вештачки мозок кој се развива како човечкиот

Научници „произведоа“ во лабораторија вештачки мозок кој се развива како човечки, што може да даде подобар увид во болести како што се Алцхајмерова болест или шизофренија.

Американски научници во Лос Анџелес спроведоа широка генетска анализа на таканаречените органоиди на кои им беше овозможено да се развиваат и растат во лабораторија до 20 месеци.

Она што научниците го открија е дека вештачкиот мозок расте во фази што се совпаѓаат со развојот на мозокот кај бебињата.

Истражувањата укажуваат дека органоидите на вештачкиот мозок може да се развијат подалеку од феталната фаза, што е спротивно на она што претходно се веруваше.

Според ова откритие, органоидите може да созреат до тој степен што научниците почнуваат да ги користат за да ги проучуваат болестите на мозокот кај возрасните, како што е деменцијата.

Органоидите се создаваат од таканаречените индуцирани плурипотентни матични клетки, од кои може да се развијат многу други видови клетки.

Remote video URL

Матичните клетки што ги користеле научниците се добиени од кожни и крвни клетки и биле репрограмирани за да се вратат во ембрионална состојба.

Кога клетките се изложени на соодветни хемикалии и услови, тие се развиваат во мозочни клетки и се самоорганизираат за да произведат тродимензионални структури кои се верна реплика на одредени аспекти на развојот на вистинскиот човечки мозок.

Научниците веќе користат органоиди на човечки мозок за да проучат невролошки невроразвојни нарушувања, вклучително и аутизам, епилепсија и шизофренија, пренесуваат научните портали.

реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе