Американски разузнавачи: COVID-19 не се појавил во лабораторија

Американските разузнавачи соопштија дека коронавирусот се појавил во Кина, но дека не бил фабрикуван или генетски модифициран. Сепак, тие сѐ уште ја изучуваат теоријата дека пандемијата можеби настанала како резултат на несреќни околности во кинеска лабораторија.

Канцеларијата на директорот за Национално разузнавање, од каде се координира мрежата од сите американски шпионски агенции, денеска потврди дека вирусот, кој се прошири во пандемија низ целиот свет, не е создаден по вештачки пат или модифициран.

– Целата разузнавачка заедница постојано помага на властите на САД и на тие кои водат битка со вирусот COVID-19 кој се појави во Кина, се вели во денешното соопштение на директорот на Национално разузнавање.

– Разузнавачката заедница исто така се сложува со широко распространетото стојалиште во научните кругови дека вирусот COVID-19 не бил создаден од човекот и не е генетски модифициран.

Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп и неговите поддржувачи посочија дека вирусот можеби е излезен од лабораторија за истражувања на заразни заболувања во Вухан, епицентарот од каде се појави вирусот, кој потоа уби над 220.000 луѓе низ целиот свет.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе