Американски разузнавачи стравуваат дека Северна Кореја гради нови проектили

Вашингтон, 31 јули 2018 (МИА) - Американските разузнавачи проценуваат дека Северна Кореја подготвуваат еден до два нови балистички проектили кои би можеле да стигнат до западниот брег на САД.

Во 2017 година Северна Кореја го тестираше проектилот Хвасонг - 15 за кој се проценува дека би можел да прелета 13.000 километри и да го погоди дури и источниот брег на САД, вклучително и главниот град Вашингтон.

Тоа предизвика остри американски реакции и придонесе до преговорите меѓу севернокорејскиот режим и тогашниот директор на ЦИА, Мајк Помпео, како и до средбата меѓу претседателот Доналд Трамп и Ким Џонг-ун. Сега, врз основа на сателитски снимки, американските разузнувачи проценуваат дека најмалку уште еден нов проектил се подготвува во воената база во која беше изработен Хвасонг - 15.

Според снимките, се работи за ракета со течно гориво, а било снимено црвено транспортно возило какви што се користат за пренос на интерконтинентални балистички проектили.

По средбата во Сингапур, претседателот Трамп изјави дека Северна Кореја се обврзала да се откаже од нуклеарното оружје, а подоцна го посочи фактот што не била извршена нова ракетна проба како доказ дека Ким го почитува договореното.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе