Американски сенатори бараат да се блокира повлекувањето на војниците од Германија

Група американски сенатори соопштија дека ќе преземат активности за да го спречат Доналд Трамп да ги повлече војниците од Германија.

Шестмина сенатори, вклучувајќи ги и влијателните републиканци Линдзи Грахам и Марко Рубио, изјавија дека планираат да го изменат законот за трошоците за одбрана, со цел да се ограничи употребата на средства за намалување на војниците во Германија.

– Во време кога САД и нашите европски сојузници треба да продолжат да дејствуваат заедно за да ги спречат злонамерните влијанија, во наш национален интерес, како и во интерес на нашите сојузници и партнери, е да го продолжиме нашето присуство во Германија, изјави сенаторот Рубио.

Во меѓувреме, поранешниот републикански кандидат за претседател на САД, Мит Ромни напиша на Тwitter дека повлекувањето би претставувало подарок за Москва.

– Повлекувањето на американската војска од Германија ќе биде подарок за Русија. Тоа е последното нешто што треба да го направиме. На овој начин се загрозува американската национална безбедност и се поткопува НАТО, напиша Ромни.

Трамп претходно овој месец објави дека САД ќе го намалат бројот на распоредените војници во Германија до 25.000. Тој го обвини Берлин дека не ги исполнува своите финансиски обврски кон НАТО. Американскиот претседател истакна дека ќе премести дел од војниците од Германија во Полска.

Овој потег беше критикуван од германски министри, меѓу кои и министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер и министерот за надворешни работи, Хајко Мас.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе