Амeриканскиот Конгрес започна обемна истрага против Трамп

Вашингтон, 5 март 2019 (МИА) Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, предводен од демократите започна обемна истрага за наводно попречување  правда, за корупција и злоупотреби на власта од страна на претседателот Доналд Трамп.

Комисиите за правда, разузнавање и за надзор на Претставничкиот дом синоќа ги проширија истрагите за корупција и криминал во компанијата Трамп Организација и побараа разоткривање на „тајните“ разговори помеѓу Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин за време на средбата на Г-20 во Хамбург во 2017 година. Покрај ова, Долниот дом на американскиот Конгрес, ја обнови и истрагата за наводната поврзаност на претседателската кампањата на Трамп од 2016 година со Русија.

Оттаму веќе испратија писма со прашања до повеќе од 81 поединец. Тоа се претставници од власта кои работат на разнични функции, од Белата куќа до Министеството за правда, вклучувајќи го самиот претседател, неговиот син како и, Ален Вајселберг, поранешниот финансиски директор на Трамп Организација. Писма се испратени и до двајца Руси, милијардерот Виктор Векселберг и бизнисменот Евгениј Пригожин, познат како „готвачот на Путин“.

Акцијата на демократите против Трамп доаѓа после минатонеделното спектакуларно сведочење на Мајкл Коен, поранешен адвокат на претседателот, кој откри детали за корупција и криминал во компаниите на претседателот и злоупореби додека Трамп бил претседателски кандидат и кога станал претседател на САД. Демократите веруваат дека има доволно индиции за покренување постапка за негово отповикување.

Претседателот на Комитетот за правда, Џеролд Надлер, конгресмен од Њујорк, се надева дека во текот на оваа истрага американскиот народ ќе дознае за случаите со попречување на правда, корупција и злоупореба на власта.

Тој посочи дека претседателот многупати досега работата на специјалниот обвинител Роберт Малер ја окарактеризирал како „лов на вештерки“, му дал отказ на Џејмс Коми, директор на Федералното биро за истраги (ФБИ), за да ја попречи истрагата за вмешаноста на Русија во последните претседателски избори и се обидувал да го заштити Мајкл Флин, поранешниот советник на национална безбедност, обвинет од Малер дека лажел за средбите со рускиот амбасадор во САД.

Ендрју Мекејб, поранешен заменик директор на ФБИ, изјави дека верува во врските на актуелниот претседател со рускиот политички врв.

Според него, Трамп можеби е „човек од интерес и поставено лице од Кремљ“.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Свет

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Read more

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе