Свет

Американските медиуми започнаа кампања против Доналд Трамп

16. август 2018 - 14:11 | К.З.

Повеќе од 300 американски медиумски куќи започнаа кампања за да им се спротивстават на нападите од страна на Доналд Трамп кон медиумите. Американскиот претседател откако дојде на функцијата води војна со медиумите, а тие се упорни во промовирањето „медиумска слобода“.

Boston Globe минатата недела упати повик за осуда ширум САД за „валканата војна“ која ја води нивниот претседател против медиумите, користејќи го хаштагот #EnemyOfNone (Ничиј непријател) на социјалните мрежи.

Експертите од Обединетите Нации сметаат дека ваквите јавни напади го зголемуваат ризикот од насилство над новинарите.

Boston Globe вети дека ќе објави прирачник во кој ќе бидат појаснети опасностите од нападот над медиумите од страна на администрацијата, кој би требало да се појави денеска, на 16 август. Раководството на Boston Globe побара од останатите медиумски куќи да го направат истото.

Почетниот позитивен одговор кој го дадоа 100 новински агенции набрзо се прошири на преку 350, откако големите американски национални медиуми и помалите локални медиуми одговорија на повикот, заедно со меѓународни влијателни медиуми како британскиот The Guardian.

Реномираниот Boston Globe објави статија под наслов „Новинарите не се ваш непријател“, каде во воведниот дел пишува дека слободата на медиумите е темелен американски принцип повеќе од 200 години.

Коментирај