Американско истражување: Лековите против ковид не се замена за вакцина

Антивирусни апчиња што ги развиваат Merck & Co и Pfizer Inc/BioNTech SE се покажаа како успешни во ублажувањето на најлошите ефекти од COVID-19 доколку се земаат доволно рано, но лекарите забележуваат дека спречувањето на болеста со вакцинација е подобро решение од терапија со апчиња.

Според истражувањето на Kaiser Family Foundation, 72 отсто од возрасните Американци ја примиле првата доза од вакцината против коронавирус. Сепак, темпото на вакцинација е забавено, додека ставовите на Американците за безбедноста на вакцините против болеста во голема мера зависат од нивната партиска пристрасност.

Задолжителните вакцини воведени од некои приватни компании, како и федералните држави и администрацијата на претседателот Џо Бајден, се заслужни за зголемувањето на опфатот со вакцинација на населението, но тоа исто така предизвика дискусии за ставовите за вакцинацијата.

Некои експерти за заразни болести стравуваат дека пристигнувањето на апчиња против COVID-19 би можело дополнително да ја попречи кампањата за вакцинација. Прелиминарните резултати од истражувањето на 3.000 граѓани на САД, спроведено од Универзитетот во Њујорк, откриваат дека достапноста на апчиња може да ги одврати луѓето да се вакцинираат, рече Скот Рацан, раководител на истражување на споменатиот универзитет.

Рацан додава дека секој осми испитаник избира терапија со апчиња наместо вакцинација, што според него е висок процент.

Неговата загриженост е поврзана со податоците објавени од Pfizer, според кои експерименталните антивирусни таблети паксловид го намалуваат ризикот од хоспитализација и смрт за 89 отсто кај возрасните со висок ризик.

Резултатите на Pfizer дојдоа откако Merck и Ridgeback Biotherapeutics објавија на 1 октомври дека нивниот лек, молнупиравир, го намалува ризикот од хоспитализација и смрт за 50 проценти. Лекот доби условно одобрение во Обединетото Кралство минатата недела. Двата лека, паксловид и молнупиравир, допрва треба да бидат одобрени од американските здравствени регулатори, но би можело да се најдат на пазарот веќе следниот месец.

„Ако се потпираме само на антивирусни лекови, тогаш се коцкаме со сопственото здравје“, вели Питер Хотез, професор по молекуларна вирологија на Универзитетот Бејлор.

Шест експерти за заразни болести интервјуирани од Reuters изразија задоволство од позитивните резултати на новите лекови против COVID-19, но исто така предупредија дека лековите во никој случај не се замена за вакцината.

Според студијата спроведена од страна на воените ветерани на САД, вакцината Pfizer е ефикасна во борбата против ризикот од хоспитализација во 86,8 проценти од случаите, дури и во случај на високо заразните делта соеви.

„Мислам дека веста од Pfizer звучи одлично, но тоа не значи дека имаме замена за вакцината“, рече Леана Вен, професорка на Универзитетот Џорџ Вашингтон.

Прескокнувањето на вакцинацијата „би било трагична грешка“, рече Алберт Бурла, извршен директор на Pfizer Inc. „Новите лекови треба да им служат само на оние кои немаат среќа и се заразиле со корона“, изјави тој за Reuters минатата недела. „Тие не треба да бидат причина да престанете да го штитите сопственото здравје и здравјето на вашето семејство“, заклучи тој.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе