Амнестиите се завршена работа, тврди Заев

Скопје, 18 март 2019 (МИА) – Премиерот Зоран Заев е убеден дека веќе нема амнестии и оти последна била таа дадена во процесот на помирувањето во Собранието. И Парламентот, како што рече, но и претседателот Ѓорге Иванов завршиле со амнестии.

„Тоа со амнестиите заврши. И таа за 27 април што беше донесена преку Собранието беше во знак на помирувањето и јас стојам зад тоа. Собранието не може во овој момент да се впушта во нови амнестии. Не може ниту Министерството за правда, иако има ингеренции. Не може ниту која било друга институција, па ни претседателот Ѓорге Иванов. Тоа впрочем го пишува и во законите, отворете ги и уверете се дека таа можност тој ја нема“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање дали претседателот, кој има уште околу два месеца од неговиот втор претседателски мандат, може да даде уште една амнестија за истрагите што ги води СЈО против актуелни и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Амнестијата што се случи за 27 април, Заев отворено кажува дека била во рамки на процесот на помирување кога на државата и требаше двотретинско мнозинство за уставни измени.

„Јавно го кажувам тоа“, рече премиерот Заев, во изјава која ја даде денеска пред Кривичниот суд, каде беше поради случај што се води за закани што ги добивал во 2016 година.

Во случајот тој бил повикан како оштетено лице – сведок за закани за негова ликвидација.

На прашање кој му се заканувал, тој одговори дека во оваа фаза не знае дали би смеел да ги посочи тие конкретни лица кои му се заканувале и додаде дека остава на судот да ја води постапката.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе