Ампева: Работниците да не потпишуваат празни листови или спогодбени откази

Работниците да не потпишуваат спогодбени откази, ниту пак празни листови. Првите вакви случаи ги забележавме во странските компнаии, но и во текстилните фабрики, алармираше денеска Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“ - Штип.

Таа забележува дека ваквите измами и потпишувања на спогодбени откази за работниците ќе значи дека ќе немаат никаква правна помош, а работодавачите ќе можат да ја добијат државната помош, која е дел од мерките за коронавирусот.

Реагирано е и до Трудовиот инспекторат за работнички кои дознале дека се одјавени, откако отишле кај својот матичен лекар, кој им кажал дека немаат здравствено осигурување.

-Најголем дел од работниците не ни знале дека се одјавени, значи тие оделе на работа, а кога одат на доктор гледаат дека немаат здравствено осигурување и дека всушност се одјавени многу поодамна. Најмногу страдаат мајките на деца под 10 години и хронично болните. Такви примери имаме и во Штип, вели Ампева.

Таа побара Владата под итно да побара список од Агенцијата за вработување и да се виде точната бројка на вработени во реалниот сектор, а во оние фирми каде ќе се утврдат вакви неправилности да се избришат од листата за државна подршка како дел од мерките за справување со коронавирусот.

Дел од компаниите веќе ги испратија работниците на колективен одмор, но тоа не е и случај кај поголемиот дел од компаниите во Штип. Ампева забележува дека апелите на градоначалникот на Штип Благој Бочварски резултирале и превозниците ги дезинфецираат автобусите и комбињата. Во поголемиот дел од автобусите нема метеж, а работниците користат заштитни маски. Сепак од „Гласен Текстилец“ сметаат дека е време сега да се даде вториот дел од годишниот одмор за минатата година, со цел Covid-19 да не влезе во фабриките.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе