АМС го награди Бесир Алили со еден милион денари

Скопје, 25 јуни 2019 (МИА) – На Советот што ќе го одржи Агенцијата за млади и спорт во петок ќе предложам да се даде еден милион денари за Бесир Алили, односно 800 илјади лично за него, и 200 илјади за тренерот. Ние како Агенција, сите големи натпреварувања и целиот подготвителен период со останатите спортисти кои освоија високи одлики ќе ги покриеме и поддржиме да ја градат кариерата во уште позасилено темпо, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски на денешниот прием на младиот репрезентативецот Бесир Алили по повод освоеното прво место на Европското кадетско првенство во борење.

Каевски му честита на Бесир за големиот успех, и појасни дека сé што направија изминатиов период Бесир и неговата екипа ја направија нашата држава и сите граѓани кои славеа горди, без разлика на нивните различности.

„Изминатиот викенд овие наши борачи на чело со Бекир, на чело со стручниот тим со сите тренери, со Федерацијата беа наши најголеми амбасадори. Бевме на мапата на спортот и на борењето, покажавме и докажавме дека овој наш спорт е еден од најдобрите спортови во нашата држава, историски гледано ова е еден од спортовите што имаат донесено најмногу признанија и награди“, рече Каевски.

Според него, успехот на Бесир покажа дека спортот може да обединува, да зближува, но и да ги прави нашите граѓани среќни и задоволни.

„Драго ми е што изминатиот период направивме една програма ‘Млади спортски надежи’ и Бесир е дел од таа програма. Правиме соодветна еволуација на сите млади спортисти од индивидуалните спортови и индивидуални олимписки спортови за кои што сме убедени дека можат да остварат резултат. Заедно со Факултетот за спорт, физичка култура и здравје и Институтот за спорт и спортските федерации ги детектиравме овие спортисти, и ако силно вложуваме во нивниот напредок, во стручната експертиза, во припремниот период и во евалуација на секои три,четири месеци за нивен развој, тоа ќе вроди со плод“, додаде тој.

Како Агенција за млади и спорт, Каевски рече дека и понатаму ќе продолжат со поддршка на спортистите за да бидат уште поконкурентни и уште повеќе да партиципираат на големи натпреварувања.

Бесир Алили рече дека ова е само почеток на неговите успеси, тој се подготвува за понатамошните европски и светски игри, и вети дека ќе даде се од себе да ја претставува нашата држава во најдобро светло.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе