Амстердам тестира футуристички чамци-роботи

Употребата на прототипот на футуристички чамец-робот е планирано да се одвива низ околу 100 километри канали во Амстердам.

Овие целосно автономни пловни објекти би извршувале различни задачи, вклучително и превоз на патници и транспорт на смет.

Експерти од Институтот во Амстердам и научници од Институтот за технологија (МИТ) во американската држава Масачусетс работат на проектот Roboat.

Роботските чамци пловат полека, со брзина до шест километри на час, користејќи пропелер и четири придвижувачи напојувани од електрична батерија со капацитет да ги управуваат, во зависност од задачата, од 12 часа до 24 часа. Се контролираат од далечина од компјутер, врз основа на податоци од камери и сензори кои ги скенираат областите околу чамецот.

Remote video URL

Чамците се „модуларни“ и лесно можат да се прилагодат за превоз на товар или луѓе.

Тимот кој работи на проектот вели дека ќе бидат потребни уште две до четири години за да се усоврши технологијата за автономно управување со тие пловни објекти.

Стефан ван Дијк, директор за иновации на Институтот во Амстердам, рече дека новата технологија е „многу релевантна во екстремно сложените пристанишни операции, каде има многу бродови и други пловни објекти, многу кејови и пристаништа. Безбедноста навистина може да се подобри со автономни системи, но и да ја направат работата поефикасна “.

На неодамнешните демонстрации, еден електричен чамец-робот долг четири метри, маневрираше покрај репликата на трговскиот брод од 18 век „Амстердам“, што претставуваше симболичен приказ на поморското минато и иднина на тој град.

Следува роботот да научи да маневрира низ целиот сообраќај во каналите во Амстердам, кои се полни со приватни чамци и чамци кои крстарат со туристи.

Проектот има и правен аспект и се работи на подготовка на промените неопходни за да се овозможи автономна употреба на роботски чамци, без капетани и кормилари.

Податоците собрани од камерите на тој пловен објект нема да ги идентификуваат луѓето во околината и во таа смисла ќе се гарантира приватноста на граѓаните.

Remote video URL
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Вести

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more
 

Гик

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе