Ана Винтур се разведува по 16 години брак

Уредничката на списанието Vogue Ана Винтур и Шелби Брајан одлучија да стават крај на нивниот брак.

Имено, како што пренесува таблоидот Page Six, милионерот Брајан и „модната Челична дама“ се разведуваат по 16 години брак.

Со месеци се шпекулираше дека односите на моќната двојка се заладиле и веќе некое време не биле видени заедно во јавност, а сега е потврдено дека на нивниот брак му дојде крајот.

Официјалната причина не е наведена, но странските медиуми наведуваат дека Брајан се вратил кај неговата поранешна сопруга Кетрин, чиј сопруг, банкарот Дејмон Мезакапа, почина во 2015 година.

Брајан ја напушти Кетрин во 1999 година кога започна афера со Ана Винтур. Двајцата се венчаа во 2004 година на тајна церемонија.

„Кетрин и Брајан имаат заедно деца и тие се само пријатели. Тоа е сè", изјави извор за Page Six, прашан за можно помирување на двојката по толку години.

Ана Винтур и британскиот актер Бил Нај неодамна беа видени заедно на вечера, а извор близок до парот изјави дека тие се многу блиски пријатели и дека заедно оделе на изложби во Лондон и Њујорк.

Винтур претходно беше во брак со Дејвид Шејфер од 1984 до 1999 година.

Тагови
реклама

Живот

Шер успеа да го спаси најосамениот слон во светот

Read more

Како да спасите собно растение на кое сте му ставиле премногу вода?

Read more

Фудбалерка добива закани по живот откако одби да му оддаде почит на Марадона

Read more

Џон Траволта со порака по смртта на неговата сопруга: Секогаш сакајте

Read more

Магазин

  • play_arrow

Неверојатно, но вистинито: Најжешката река во светот во која сѐ умира

Читај повеќе
  • play_arrow

Шер успеа да го спаси најосамениот слон во светот

Читај повеќе

Рецепт на денот: Пица ролат

Читај повеќе

Три грешки кои мажите ги прават за време на орален секс

Читај повеќе

Секс по 30-тата година: Четири работи кои никој не ги кажува

Читај повеќе

Ве молиме, описменете се!

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да спасите собно растение на кое сте му ставиле премногу вода?

Читај повеќе

Спутник V нема компоненти за микрочипување луѓе

Читај повеќе

Фудбалерка добива закани по живот откако одби да му оддаде почит на Марадона

Читај повеќе