Анален канцер: Симптомите се непријатни, не ги игнорирајте

Златното правило кога станува збор за здравјето е „подобро да се спречи отколку да се лечи“.

Поради брзиот начин на живот, зголемениот стрес и недоволното внимание на раните симптоми, го ставаме телото на ризик од развој на одредени болести. Ракот е меѓу најопасните. Самата помисла на тоа е ужасна, а меѓу различните видови има еден сосема необичен и некако запоставен. Тоа е аналниот рак.

Ракот на анусот или анален канцер е ретка форма на болеста која го зафаќа крајот на цревата и предизвикува чешање во ректумот. Овој необичен вид на рак се јавува во аналниот канал - кратка цевка на крајот од ректумот преку која несаканите материи излегуваат од телото. Не само што ризикот од добивање на болеста се зголемува со возраста, туку истражувањата покажуваат и дека жените имаат поголема веројатност да ја развијат оваа болест отколку мажите.

Затоа е потребно да се внимава на раните знаци дека нешто не е во ред, како што е појава на чешање на ректумот. Но, како можете да бидете сигурни дека тоа е рак, а не само минливо чешање? Ова се раните знаци кои предупредуваат на анален канцер:

Крварење од ректумот

Грутка на аналниот отвор

Болка или чувство на неиспразнетост во аналната област

Тешка столица или други промени во движењето на дебелото црево

Испуштање течност од анусот

Инконтиненција на столицата (губење на контрола на дебелото црево)

Отечени лимфни јазли во аналната област или препоните

Чешање во или околу ректумот

Кога станува збор за симптомите, покрај чешање и ректална болка, може да има и мали грутки околу и внатре, а може да има и испуштање на слуз. Ракот на анусот се формира поради генетска мутација на здрава и нормална клетка, по што станува абнормален. Тие потоа се размножуваат без контрола и не изумираат.

„Акумулираните абнормални клетки формираат маса, тумор, кој ги напаѓа блиските ткива и се одвојува од почетниот тумор за да се прошири на друго место во телото“, објаснуваат експертите.

Имајте на ум дека првата и главна причина за рак на анусот е тесно поврзана со сексуално пренослива инфекција, попозната како хуман папилома вирус (ХПВ). Други фактори со висок ризик се аналниот секс или голем број на сексуални партнери, како и консумацијата на никотин. Слабениот имунолошки систем исто така може да го зголеми ризикот од добивање на оваа болест.

„Ризикот за развој на рак на анусот се зголемува како што стареете, а половина од сите случаи се дијагностицираат кај луѓе над 65 години. Оваа болест е исто така нешто почеста кај жените отколку кај мажите“, предупредуваат лекарите.

Сигурно има и други причини, освен рак, поради кои чувствувате чешање на тој дел од телото, а ова се некои од нив:

  • Бактериска инфекција
  • Хемороиди
  • Псоријаза
  • Неправилно бришење
  • Течна столица
  • Габични инфекции
  • Сексуално преносливи инфекции

Ако почувствувате некој од овие симптоми, побарајте совет од лекар за да бидете сигурни што е во прашање.

Тагови
реклама

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

ЕУ воведува систем за следење на километражата на половните автомобили

Read more

Додатоци што не треба да ги земате со кафе

Read more

Здравје

Рани знаци на деменција: На што да внимавате?

Read more

Како да препознаете дали имате грип или обична настинка?

Read more

Додатоци што не треба да ги земате со кафе

Read more

Најдобриот вид чај за регулирање на шеќерот во крвта

Read more
 

Магазин

Рани знаци на деменција: На што да внимавате?

Читај повеќе

Како да препознаете дали имате грип или обична настинка?

Читај повеќе
  • filter

Добивка за сите: Државна лотарија во служба на заедницата во 2025 година

Читај повеќе

Додатоци што не треба да ги земате со кафе

Читај повеќе

Денес е најдепресивниот ден во годината: Зошто овој понеделник е критичен?

Читај повеќе

Како да испечете сочен и крцкав помфрит во рерна?

Читај повеќе

Најдобриот вид чај за регулирање на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Како јадењето премногу здрава храна може да го попречи слабеењето?

Читај повеќе