Анален секс за почетници: 13 прашања кои секогаш сте сакале да ги поставите

Со вистинскиот партнер, соодветна подготовка и доза на љубопитност, аналниот секс може да биде фантастично искуство за секого.

Решивте првпат да пробате анален секс, но сè уште не знаете што да очекувате, од каде да почнете или како да му кажете на партнерот. Тука сме да ви помогнеме. Прво можете самостојно да го истражувате вашето тело и да го истражите аналниот дел за време на мастурбацијата, без разлика дали се стимулирате со прсти или со секс играчка. Ако го истражувате аналниот дел со вашиот партнер, дефинитивно ќе сакате малку време за предигра за да го опуштите вашето тело и да ја запалите искрата што тлее во вас.

„Разговорот за аналниот секс е ист како и за секоја друга сексуална активност. Бидете отворени и искрени, откријте како се чувствувате и што барате“, вели д-р Лаура Дејч, сексолог и терапевт.

1. Како да започнете разговор за анален секс со партнерот?

Важно е да знаете дека зборувањето за анален секс е како да зборувате за кој било друг сексуален чин. Ако го третирате како да е нешто друго, можете да всадите страв, срам, табуа и други мисли кои не треба да се поврзуваат со анален секс. Затоа започнете со едноставно прашање како: „Што мислиш за аналниот секс?“, „Се прашував што мислиш за малку да ги зачиниме работите...“ На тој начин можете да ги регистрирате нивоата на интерес, да разговарате за тоа подетално и да дознаете што функционира најдобро за вас и вашиот партнер.

2. Кои сексуални пози се најдобри за анален секс?

Позите за анален се исто толку различни како и за вагиналните - мисионерска, од напред, од назад, кучешки стил, на грб, на страна... Во зависност од тоа колку сте флексибилни вие и вашиот партнер, можете да истражите во која поза се чувствувате удобно. Општо земено, искуството се смета за најинтензивно во кучешка поза.

3. Кој е најдобриот лубрикант?

Лубрикантот е неопходен во аналниот секс, а бидејќи сакате сексот да трае, потребно е повторно да го нанесувате одново и одново. Кога станува збор за лубрикант, генерално постојат три опции: на база на масло, на база на силикон и на база на вода. Лубрикантите на база на масло и силикон е со подебел слој и траат подолго, што ги прави одлични за анална игра, но оние на база на масло (како кокосовото масло) може да ги оштети кондомите. Изберете лубрикант на база на вода, особено ако користите силиконски играчки. Ако не ги користите, можете да користите и силиконски лубрикант. Избегнувајте комбинација од силиконски играчка и лубрикант на база на силикон бидејќи силиконот ќе ја уништи играчката.

4. Како да го подготвам моето тело?

Многу луѓе помислуваат на измет кога првпат ќе спомнат анален секс. Но, навистина, тоа воопшто не треба да загрижува. Здравото тело не складира измет во ректумот, местото каде што се одвива дејството. Изметот се движи низ ректумот додека се врши нужда, а пред тоа е „повисоко“ па не би требало да биде проблем. Ако воопшто не можете да се опуштите, можете да користите блага клизма, или едноставно да внимавате на празнењето пред анален секс.

Откако ќе го совладате тоа, следниот чекор е да бидете свесни за вашето тело и да знаете како да се заштитите. Аналното ткиво е многу тенко и лесно може да се кине, што значи дека инфекцијата може да биде проблем ако не сте внимателни или свесни за тоа што се случува во тој дел од телото. Кондомот сигурно ќе ве заштити од бактериски инфекции.

5. Сакаме да користиме секс играчка. Што е безбедно за моето тело?

Живееме во време кога на пазарот има толку многу квалитетни секс играчки, но исто така е важно да се едуцирате за тоа кои материјали се прифатливи за вас, особено ако имате алергии. Безбедна секс играчка значи дека не содржи никакви хемикалии, не е порозна и може да се стерилизира. Не користете играчки кои содржат фталати, ПВЦ (поливинил хлорид), парабени, хемиски/токсични/гумени мириси, винил (освен c-прстени), желе за џвакање, сил-а-гел или силикон измешани со друг материјал, пластификатори, TPR (термопластична гума) ниту еластомер (еластомерот е материјал безбеден за телото, но е порозен и не може да се стерилизира).

6. Како се користат анални чепови (but plugs)?

Ако се двоумите за аналниот секс, помислете на but blugs како еден вид натопување на прстот во базен за да ја тестирате температурата. Иако никој не вели дека не можете да скокнете директно во длабокиот дел на базенот без да ги тестирате водите, не секој е подготвен да го стори тоа - и тоа е сосема во ред. Затоа аналните чепови се одлични за започнување на аналната игра. Тие доаѓаат во различни големини и материјали, обично се заострени и обликувани за оптимално вметнување и нудат одлична контрола за почетниците. Може да се користат и за вагинална пенетрација.

7. Што се анални топчиња и како да ги користиме?

Аналните мониста обично се рамномерен сет од посебни топчиња, сите прикачени на долг стап или врвка. Тие се вметнуваат во вагината или анусот колку што е удобно и се оставаат додека се одвива дејството, што го засилува задоволството, или нежно се вметнува и отстранува за време на предиграта.

Иако аналните топчиња се главно исти, топчињата може да се разликуваат по големина и форма, некои се повеќе овални, што може подобро да одговараат на почетници. Исто така, можете да изберете помеѓу флексибилен тип на анален додаток или оној што е помалку флексибилен и подиректен во неговата стимулација. Обидете се што е најдобро за вас и вашиот партнер.

8. Дали е можно да се доживее оргазам за време на анален секс?

Има неколку различни видови на оргазми кои може да се доживеат. Многу жени ги пријавуваат своите најмоќни оргазми за време на аналната пенетрација. Една од предностите на аналниот секс е тоа што, во зависност од положбата, вагината и клиторисот се на дофат за стимулација.

9. Кои се техниките за добра анална масажа?

Не сте сосема спремни за анален секс, или попрво би пробале нешто за да „подготвите терен“? Одете полека, користете ги прстите и навлезете толку длабоко колку што чувствувате што му дава задоволство на вашиот партнер. Запомнете дека околното ткиво е исто така полно со чувствителни нервни завршетоци, што исто така промовира задоволство.

10. Дали преголемиот пенис е непремостлива пречка?

Ако големиот пенис на вашиот партнер е преголем за анален секс, тоа не значи дека треба да ја пропуштите целата анална забава. Играчките се одлична замена, како и прстите. Запомнете, името на играта е задоволство, а не херојство. Исто така, устата е прекрасна алатка за создавање задоволство. Со текот на времето, можеби ќе почнете да истражувате колку е голем преголемиот пенис.

11. Може ли да имам анален секс ако страдам од хемороиди?

Тоа целосно зависи од вашиот праг на болка/задоволство и од тоа што ви кажал вашиот лекар. Ако постои медицинска состојба што ве спречува да се вклучите во сексуални активности, разговарајте за тоа со вашиот лекар. Можеби ќе треба малку да се прилагодите, а здравствената состојба не мора да биде пречка за сексуалните односи.

Можеби навистина не сакате да го прашате вашиот лекар дали вашите хемороиди ќе можат да се справат со анален секс, но важно е да зборувате за тоа бидејќи аналното ткиво е многу тенко, па затоа не би сакале да доживеете компликации.

12. Дали се неопходни кондоми?

Кондомите се ефикасен начин за заштита од висок ризик од инфекција. Правете редовни прегледи, тестирајте се за СПБ, запознајте го партнерот, градете доверба и потоа одлучете го вашето ниво на удобност. Исто така, ако комбинирате анална стимулација, а потоа сакате вагинална стимулација, погрижете се да користите нов кондом за да избегнете пренос на бактерии.

13. Дали ќе боли?

Покрај грижата за изметот, друго големо прашање е дали боли аналниот секс? Всушност, аналниот секс не треба да боли ако користите многу лубрикант, работите на релаксација и почнувате полека и со взаемно почитување кон партнерот. Запомнете, правете го она што прави да се чувствувате добро, и можете да одлучите што е тоа. Ако сте подготвени, пробајте го, но ако не сте, и тоа е во ред.

Тагови
реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Питагоровата теорема пронајдена на глинена плоча 1.000 години постара од Питагора

Read more

Скандинавскиот начин на спиење спасува бракови и врски: Нема повеќе кавги в кревет

Read more

Голем љубовен хороскоп за октомври 2023

Read more

Љубов и секс

Голем љубовен хороскоп за октомври 2023

Read more

Кое време од денот е најдобро за секс?

Read more

Заеднички живот: Дали сте подготвени да се преселите под ист покрив?

Read more

Пет знаци дека сте го одбрале совршениот партнер за вас

Read more
 

Магазин

Пита од тиква - омилен американски десерт идеален за есенските денови

Читај повеќе
  • play_arrow

Сите ѝ се смеат на Парис Хилтон за одењето по модната писта

Читај повеќе

7 намирници штетни за срцето и една здрава

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобриот бургер сос по рецепт на Џејми Оливер

Читај повеќе

Грижата за домот го продолжува животот

Читај повеќе

Суперхрана што помага против висок холестерол

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто авиони и дронови не може да летаат над Дизниленд?

Читај повеќе

Храбро, разиграно, во боја: dm ја бои оваа есен во шарени бои

Читај повеќе

Кои витамини и минерали им требаат на жените по 40-тата година?

Читај повеќе