Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Потребна е поголема транспарентност во формирањето на цените, Владата и институциите да ги прошират контролите на цените и во регулацијата да ги вклучат и доставувачите и увозниците, да се прошират регулаторните мерки со цел да се спречат доставувачите од манипулации со цените, а потрошувачите мора да знаат кој ги поставува цените, што би се направило преку јавни кампањи за подигнување на свеста. Ваков е заклучокот на анализата што ја спроведе Сојузот на стопанските комори.

На состанокот со претставниците на малопродажните синџири и локалните клучни партнери исто така беше договорено меѓу сите малопродажни синџири и локалните клучни партнери да не се примаат нови ценовници минимум до крајот на првиот квартал оваа година.

„Бројките од анализата покажаа дека супермаркетите не се одговорни за зголемувањето на цените, а главната ценовна моќ е во рацете на доставувачите и производителите, кои уживаат значително повисоки профити, додека супермаркетите работат со минимални маржи“, велат од ССК.

Се додава дека супермаркетите работат со просечна профитна маржа од 0,83%, а производителите и дистрибутерите во просек остваруваат 4,32%. Некои доставувачи, според анализата, имаат профитни маржи над 13%, а супермаркетите остануваат под 3%.

Анализата покажа екстреми во профитните маржи. Некои производители имаат профитни маржи што се далеку над оние на супермаркетите.

„Супермаркетите се соочуваат со најголема јавна критика за цените иако заработуваат значително помалку од производ од доставувачите. На листата на 15 најголеми доставувачи се покажува дека овие компании генерираат големи профити, но вработуваат многу малку луѓе. Тие сочинуваат 11,8% од вкупниот приход на производителите, но 21,3% од нивниот вкупен профит“, додаваат од Сојузот на стопанските комори потенцирајќи дека супермаркетите се важен фактор за вработеноста во државата, а производителите генерираат високи профити со значително помалку работници.

Анализата сугерира и дека маркетите никогаш не ги зголемуваат цените самостојно, промената се случува поради промените на цените на производителите или доставувачите и токму поради ова маркетите се под постојан притисок да се прифатат новите ценовници. Доколку тоа не се направи, не се испорачуваат производите.

„Од ова произлегува притисокот врз маркетите и од потрошувачите или за цените или за недостигот на производи. Само во јануари до маркетите се пристигнати ценовници од над 40 доставувачи и производители во 92 категории и поткатегории производи. Дополнително, профитната маржа кај маркетите од година на година опаѓа за разлика од другата страна, каде што се зголемува. Во исто време, меѓународните доставувачи одржуваат значително поголем профит од супермаркетите. Тие вршат силно влијание врз пазарните цени ограничувајќи ја способноста на домашните трговци на мало да ги приспособат цените надолу. Бројките ја покажуваат вистината, супермаркетите не се причината за зголемените цени. Додека трговците работат со минимални профити, доставувачите продолжуваат да остваруваат значителни маржи, без да ги намалат цените“, велат од ССК.

Сојузот на стопанските комори на Македонија бара транспарентност и фер одредување на цените во целиот синџир на снабдување, па затоа повикуваат на поголема транспарентност затоа што време е да се адресира вистинската причина за високите цени и секој во процесот треба да има одговорност.

Тагови
реклама

Подобрете го вкусот на палентата со додавање на една состојка

Read more

Нова ера на плаќање во црквите: Верниците сега можат да донираат со картички и телефони

Read more

Како правилно да го исчистите кожниот мебел и да му го продолжите векот на траење?

Read more

Руски астролог предвидува на кои хороскопски знаци им претстои финансиски успех

Read more

Бизнис

Вештачката интелигенција го менува пазарот на труд

Read more

Shein и Temu под истрага по скандалот со секс кукли што личат на деца

Read more

Биткоинот падна под 100.000 долари за прв пат по четири месеци

Read more

Андоновски: Е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел

Read more
 

Вести

Бундесбанк: Германската финансиска стабилност е во опасност

Читај повеќе

Руски војник осуден на доживотен затвор за убиство на украински воен заробеник

Читај повеќе

Утре променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презеде градоначалничката функција

Читај повеќе

Утре без вода дел од улица во скопски Карпош

Читај повеќе

МВР апелира: Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, оставете го мобилниот додека возите

Читај повеќе

Лога: Македонија е единствената земја во Европа која сѐ уште нема биометриски лични карти

Читај повеќе

Вештачката интелигенција го менува пазарот на труд

Читај повеќе

Трамп: Ќе видиме како еден комунист ќе го води Њујорк

Читај повеќе