Анализа: Најмногу нерешени предмети има во Основен суд Скопје 2

Скопје, 22 март 2019 (МИА) – Најскапи спорови од мала вредност се во основниот суд Скопје 2, Основен суд Неготино и Основен суд Делчево, а најмногу нерешени предмети во Основен Суд Скопје 2 според анализата на Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) изготвена во рамки на програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста во судскиот систем во Македонија“.

Анализата е поддржана од Британската амдасада во Скопје, а целта е подобрување на ефикасноста на судовите во државата.

– Анализата за споровите од мала вредност е изготвена во период од 2015 до 2017 година на територија на целата држава. Во тој период имало вкупно 27.002 случаи. Вкупниот број нерешени предмети е 967, а најголема просечна вредност на спорот во овој тригодишен период се движи околу 90.000 денари. Просечниот број рочишта во спор од мала вредност изнесува 2,5 рочишта, рече Ивица Пеповски од ЦПИА, директен изработувач на анализата.

Најмногу спорови од мала вредност се однесувале помеѓу граѓански лица и трговски субјекти, а максималниот број  рочишта во период од 2015 до 2017 година е 26.

– Сѐ што е над десет одржани рочишта се смета за екстремна вредност. Во 18 од 25 судови, 72 отсто имаат случај со одржани повеќе од десет рочишта. Шестотини четириесет и три случаи имаат одржано десет или повеќе рочишта по предмет. Најголем дел од овие случаи се во во Основен суд Скопје 2, односно со повеќе од 70 отсто, потоа во Тетово, Гостивар и Кичево. Бројката треба да се намали за да се намалат и вкупните трошоци, додаде Пеповски.

Посочи дека буџетските трошоци по случај од мала вредност изнесува 3.473 во просек и се движат од 3.000 до 3.940 денари по случај.

– За решени 56.038 спорови се проценуваат вкупно 90 милиони денари. Вкупен приход од спор за мала вредност изнесува 56 милиони денари. Тоа значи дека постои потенцијал за зголемување на ефикасноста, објасни Пеповски.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе