Анализа: Пред избори се вработуваат службеници, по избори директори

 
Скопје, 21 јуни 2018 (МИА) - Вкупно 86 проценти од вработувањата во институциите пред изборите се службеници, додека 94 проценти од вработувањата по изборите се директори, покажува истражувањето „Процедурите на вработување во администрацијата на централно и локално ниво по изборите“ на Платформата на граѓански организации за борба против корупција.
Според Миша Поповиќ, од Платформа на граѓански организации за борба против корупција, во Македонија има општа согласност дека принципот на вработување е врз политичка припадност, а не врз систем на заслуги.
 
„Без разлика дали ја имаме праксата или не. Самата перцепција на граѓаните дека тоа постои и тоа се правилата на игра создаваат очекувања на граѓаните и тие се прилагодуваат на тие правила на игра. Се создава поволна почва за клиентелизам во општеството“, смета Поповиќ.
 
Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески, рече дека ваквите истражувања се важни за воспоставување одговорна, деполитизирана и транспарентна локална администрација, бидејќи ја покажуваат вистинската слика за јавната администрација. 
 
„Администрацијата на локално ниво од 2005 година е двојно зголемена. Според последните податоци, локалната администрација брои околу 6.000 вработени и тоа нема да беше проблем ако беа најдобрите и највредните во општеството. За жал, сите сме свесни до кој степен е политизирана јавната администрација во последните 12 години. Тоа ја зголеми недовербата во системот кај граѓаните“, рече Павлески.
 
Посочи дека постоењето на професионала и добро обучена јавна администрација е неопходна за исполнувања на барањата на граѓаните за квалитетни услги, а тоа може да се постигне само со надградба на сопствените позитивни искуства со принципите за добро управување во јавниот сектор на ЕУ.
 
Истражувањето е во рамки на проектот „Јакнење на Платформата на граѓански организации за борба против корупција“ поддржан од Проект на УСАИД за граѓанско учество.
 
Анализата е поделена на квалитативен дел со пет фокус групи и квантитативен дел на примерок со вкупно 58 државни и јавни институции на територија на Р. Македонија, од сите осум региони и 33 поголеми општини во периодот февруари-април 2018 година.
 
Резултатите покажуваат дека постојат два главни феномени во перцепцијата на испитаниците за процесот на вработувањето во администрацијата. Прво е негативниот стереотип на чувство на безизлезност и незадоволство од партиски вработувања и непотизам во администрацијата, а вториот е чувство на скромна надеж дека со промена на власта ќе се придвижат работите на подобро.
 
Резултатите од фокус групите покажуваат дека не е проблем дали постои транспарентност и законитост во постапките, но дека не е тоа доволен показател дека навистина не постојат манипулации во процесот на вработување. Така, за 66 проценти од испитаниците процесот на вработување е транспарентен, додека 79 проценти од испитаниците рекле дека правилно се спорведува постапката. Сепак, најголем дел од испитаниците сметаат дека проблемот е систематизацијата на работните места и однапред прилагодување на јавните огласи.
реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Read more

Без вода дел од Карпош

Read more

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Read more

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Андерс Рослунд во Скопје: Генијалниот автор на крими жанрот доаѓа на Саемот на книга

Читај повеќе

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Читај повеќе

Временски сензации – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Читај повеќе

Најмалку 20 тела во распаѓање пронајдени на брод во Бразил

Читај повеќе

Без вода дел од Карпош

Читај повеќе

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: Група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Читај повеќе

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Г7 подготвува мерки против Иран

Читај повеќе