Анализа: Трамп, Гренланд, Канада и Панамскиот Канал

Макфакс
/ 11.01.2025 / 12:56

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ги сака Гренланд, Канада и Панамскиот Канал. Ова е само дел од неговите планови, кои ги откри пред неговата инаугурација на 20 јануари.

Франција и Германија бурно реагираа на намерите на Трамп во однос на Гренланд. Париз нагласува дека нема да толерира закани за суверените граници на Европската Унија. Овие жестоки предупредувања беа испратени откако Трамп не ја отфрли можноста за воена акција за преземање контрола врз Гренланд, автономна територија на Данска, членка на Европската Унија.

Од друга страна, германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека забелешките на Трамп предизвикале „недоразбирање“ меѓу европските лидери.

„Принципот на неповредливост на границите важи за секоја земја, без разлика дали е на исток од нас или на запад, и секоја земја мора да го почитува, без разлика дали е мала или многу моќна земја“, рече Шолц.

Данска, која сега е во центарот на драмата околу Гренланд, дипломатски вели дека е отворена за дијалог за безбедносни прашања со Трамп, но не се согласува со закани со сила.

Иако властите на Гренланд првично решително ги отфрлија понудите на Трамп, реториката се промени во последните денови.

Односите меѓу Гренланд и Данска беа затегнати во последниве години поради наводите за историска злоупотреба на граѓаните на Гренланд за време на колонијалното владеење.

Премиерот на Гренланд, Муци Инекунаалук Ееде, рече дека најголемиот остров во светот не е на продажба, но во својот новогодишен говор повика да се прогласи независност од Данска.

Поради ваквите планови на Трамп, фокусот повеќе не е на решението што тој ќе го понуди за ставање крај на војната во Украина, што ќе има влијание и на целиот Стар континент, туку само на она што се случува или што ќе се случи на Гренланд.

А, кога станува збор за Украина, едно од решенијата што може да ги промени границите на Европа исто како и ставањето на Гренланд под американска контрола, е замрзнување на линиите на фронтот и отстапување на украинска територија на Русија.

На Русија ќе ѝ биде дозволено да ја задржи контролата врз деловите на Украина што веќе ги освои, вклучувајќи го и полуостровот Крим.

Тоа значи дека демаркационата линија би се протегала од Нова Каховка во Херсонската Област, преку делови од Запорошката Област, Селидово, Торечко и Вуледар во Донецк и Северодонецк во Луганск.

Бидејќи Русија, исто така, контролира делови од регионот Харков, постои голема шанса Трамп и Путин да се согласат да го задржат тоа така, па демаркационите линии би се прошириле мал дел и во оваа област.

Со сето ова, Трамп потврди дека сака и членките на НАТО да издвојуваат 5% од својот БДП за одбраната, наместо досегашниот договор од 2% од нивниот БДП.

„О, Канада“

Од Европа одиме во Канада, која Трамп сака да ја види како 51-ва американска сојузна држава. Сѐ започна како шега на социјалните мрежи, но се покажа дека новоизбраниот претседател на Америка е сериозен.

Тој се закани дека ќе воведе царини за стоките од Канада и понуди земјата да им се придружи на САД како „сламка на спасот“ за економијата на таа земја.

Се вмеша и Илон Маск.

Канадскиот премиер во заминување, Џастин Трудо, рече дека „нема шанси“ да се приклучи на САД, на што Маск одговори.

„Девојко, ти повеќе не си гувернер на Канада, па не е важно што ќе кажеш“, напиша Маск.

„Рацете подалеку од Панама“

Повторно користејќи ја економијата како причина, Трамп ги критикуваше таксите за американските бродови кои минуваат низ Панамскиот Канал и се закани дека ќе побара да му се врати контролата на пловидбата на Вашингтон.

„Кога претседателот Џими Картер непромислено го даде за 1 долар, за време на неговиот мандат, со него управуваше исклучиво Панама, а не Кина или некој друг. Исто така, на Панама не ѝ беше дозволено да наплаќа превисоки цени и стапки за премин кон САД, нејзината морнарица и корпорациите кои работат во нашата земја“, рече Трамп.

Неколку десетици демонстранти одржаа протест пред американската амбасада во Панама, каде му рекоа на Трамп „да ги држи рацете подалеку од Панама“, а тамошните власти нагласија дека „суверенитетот над тој канал не е прашање на преговори“.

„Мексиканска Америка, звучи убаво“

Трамп се фокусираше и на Мексиканскиот Залив и објави мапи на кои се нарекува Американски Залив.

Мексиканската претседателка Клаудиа Шејнбаум, која разговараше со Трамп кога тој се закани дека ќе ги зголеми тарифите поради мигрантите, истакна дека „Мексиканскиот Залив е меѓународно признато име“ и дека Трамп „живее во минатото“.

„Мислам дека на претседателот Трамп му кажаа погрешна работа, му рекоа дека Фелипе Калдерон сѐ уште е претседател. Но, не, во Мексико луѓето се главни“, рече Шејнбаум на прес-конференција.

Шајнбаум покажа карта на поранешно Мексико, која ги вклучува териториите кои сега се дел од Соединетите Американски Држави.

„Мексиканска Америка, тоа звучи убаво“, рече Шејнбаум.

реклама

Свет

Жизел Пелико го тужи Paris Match, ја снимиле со нов партнер

Read more

CNN: Трамп е подготвен да го признае Крим како руски во мировниот план за Украина

Read more

Виктор Орбан прави сè да се спаси царините на Трамп

Read more

Лавров: Фашистите окупираат територии кои отсекогаш им припаѓале на Руската империја и на Советскиот Сојуз

Read more
 

Вести

Доларот слабее трета недела по ред

Читај повеќе

Воведена електронска услуга за добивање потврда за сопственост на моторни возила

Читај повеќе

Утре и задутре бесплатен паркинг во зоните на „Градски паркинг“

Читај повеќе

Жизел Пелико го тужи Paris Match, ја снимиле со нов партнер

Читај повеќе

CNN: Трамп е подготвен да го признае Крим како руски во мировниот план за Украина

Читај повеќе

Десничарот Јанша ослободен од сите обвиненија

Читај повеќе

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

Читај повеќе

Дали Србија се претвора во рударска колонија на ЕУ?

Читај повеќе

Со протестен марш на семејствата ќе се бара правда за настраданите во пожарот во Кочани

Читај повеќе