Анастасија Ѓурчинова е добитничка на наградата „Драги“

Наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик ја доби Анастасија Ѓурчинова, за превод од италијански јазик на делото „Интимен живот“ од авторот Николо Аманити во издание на „Антолог“.

Комисијата за доделување на наградата во состав проф. д-р Зорица Николовска, претставник одбран од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, Јана Михајловска, член од семејството на Драги Михајловски и Владимир Јанковски, претставник одбран од издавачката куќа „Антолог“, имаше пет финалисти за оваа награда, покрај Анастасија Ѓурчинова, меѓу финалистите беа и  Ѓоко Здравески за преводот од хрватски јазик на „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ, издание на „Бегемот“, 2024 година; Екатерина Бабамова за преводот од англиски јазик на „Градот на победата“ од Салман Ружди, издание на „Артконект“, 2023 година; Елисавета Поповска за преводот од француски јазик на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно, издание на „Илика“, 2024 година и Ирена Јурчева за преводот од англиски јазик на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин, издание на „Паблишер“, 2023 година.

Комисијата едногласно донела одлука наградата да ѝ се додели на Анастасија Ѓурчинова.

- Станува збор за превод кој на мошне суптилен начин ги задржува стилските карактеристики на книжевниот дискурс на Николо Аманити, умешно вклопувајќи ги во стилските, лексичките и синтаксичките можности на македонскиот јазик. Преводот на Анастасија Ѓурчинова се карактеризира со прецизност и верност кон оригиналниот текст, со огромна почит кон стилот на авторот. Таа вешто ги пренесува културните и јазични нијанси, одржувајќи ја специфичната динамика и литерарниот тон на делото. Онака како што Аманити мајсторски го користи јазикот во своите дела, така и Ѓурчинова тоа мајсторство го транспонира во нејзиниот превод. Текстот е јасен и се чита природно, динамично, без јазични пречки. Вешто пренесувајќи ги емоциите и атмосферата, преводот му овозможува на читателот да доживее искуство слично на она што го нуди оригиналот. Како последица на тоа, преводот на „Интимен живот“ предизвикува и големо читателско задоволство - стои во образложението на жири-комисијата.

Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ е воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951-2022) – писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Целта на наградата е да ја стимулира преведувачката дејност и да го подигне квалитетот на преведените дела во македонската култура.

Германскиот професор и преведувач Бенјамин Лангер е добитник на годинашнaта интернационална награда „Драги“  за преводот на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски. Романот на германски јазик го објави издавачката куќа „Гуголц“ од Берлин.

- Ќе се согласиме сите дека преведувањето на романот „Пиреј“ на кој било странски јазик претставува исклучително голем преведувачки предизвик, со кој се соочил и овогодинешниот добитник на наградата „Драги“, Бенјамин Лангер. Очигледно е дека за овој голем преведувачки проект тој не само што поседува одлични и изнијансирани познавања на македонскиот јазик, туку и дека темелно ги проучил историскиот и книжевниот контекст, јазичните специфи на руралниот, архаичен живописен македонски говор, а за културолошки конотираните македонските лексеми понудил креативни германски еквиваленти. Би сакале да напоменеме и дека внимателниот читател на овој германски превод на Лангер може да го наслушне тоа што во поновите транслатолошки студии се нарекува „глас на транслаторот“, кој во овој случај, маестрално посредува и ги премостува јазичните и културолошките бариери помеѓу двете култури: германската и македонската - стои во образложението на жири-комисијата.

Лангер е голем познавач на македонските јазик и литература. Студирал германистика и историја на уметност во Бамберг и Будимпешта, а од 2005 до 2009 предавал на Катедрата за германски јазик и литература на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Преку преведувачката работа ја приближил македонската книжевност до германската читателска публика, што ги вклучува делата на Гоце Смилевски, Бранко Цветкоски, Дејан Трајкоски, Румена Бужаровска, Влада Урошевиќ и Петре М. Андреевски.

реклама

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Read more

Саем на мебел 2025: Инспирација за секој дом од 26 до 30 март во Скопје

Read more

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: Ова е изневерување и предавство

Read more

Дончиќ го претрпе првиот пораз со Лејкерс, нов трипл-дабл за Јокиќ

Read more

Култура

Свечено доделување на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 година

Read more

Мадам Батерфлај од Џакомо Пучини на 14 февруари на сцената на Националната опера и балет

Read more

Некој ме гледа романтично – љубовен концерт на Македонската филхармонија

Read more

Јавен повик за доделување на стипендијата Билјана Василевска-Трајкоска

Read more
 

Вести

Медведев: Бајден го доведе светот на работ на апокалипсата

Читај повеќе

Акција за собирање кабаст отпад на локации во Пролет, Водно и Буњаковец

Читај повеќе

ЛДП: Предлагаме поставување на рисот како консензуално решение за новиот државен грб

Читај повеќе
  • play_arrow

Уапсена 22-годишна чаирчанка: При претрес во нејзиниот дом пронајдена марихуана

Читај повеќе

Општина Аеродром започна со бесплатен скрининг на тироидна жлезда кај деветтоодделенците

Читај повеќе

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: Ова е изневерување и предавство

Читај повеќе

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Читај повеќе

Центар и Аеродром денеска без струја

Читај повеќе

Променливо облачно време со повремен локален снег претежно во планинските региони

Читај повеќе