Анчелоти: Милан имаат потенцијал што уште не го покажале

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави дека сака што поскоро да архивира некои неодамнешни настани поврзани со неговиот клуб и да се фокусира на натпреварот со Милан во Лигата на шампионите.

Италијанскиот стручњак прво истакна дека е тажен поради нешто што нема врска со фудбалот.

„Пред да зборуваме за било што поврзано со фудбалот, морам да истакнам дека сите во клубот се тажни. Тажни сме поради оваа катастрофа (поплавата) што ја снајде Шпанија и нејзиниот народ. Многу луѓе загинаа и тоа е нешто што сите нас нè растажува“, изјави Анчелоти на почетокот на интервјуто за медиумите.

Италијанецот не сакаше да одговори на прашањето поврзано со доделувањето на Златната топка, каде не се појави никој од Реал Мадрид, вклучувајќи го и Анчелоти, кој беше прогласен за најдобар тренер.

„Она што се случи минатата недела е веќе минато и повеќе не размислуваме за тоа.“

Следниот натпревар Реал го игра против Милан во Лигата на шампионите.

„Ова е посебен натпревар поради моето минато. Милан не почна добро, но секогаш е опасен бидејќи има голем квалитет во нападот. Имаат голем потенцијал, кој сè уште не го покажале, поради што мораме да бидеме особено внимателни“, заклучи Анчелоти.

реклама

Фудбал

Тимот на велшките навивачи утре на пладне ќе игра против Слободен

Read more

Тудор возел 10 часа од Сплит до Торино за 500.000 евра

Read more

Челси во необична позиција: Ќе мора да плати за да не го откупи Санчо

Read more

Шкупи го повлече дресот на Андреј Лазаров, клубот ќе го исплати целиот договор на неговото семејство

Read more
 

Спорт

Ѓоковиќ сруши рекорд на Надал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тимот на велшките навивачи утре на пладне ќе игра против Слободен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајкл Џордан ја отвори четвртата бесплатна клиника

Читај повеќе

Тудор возел 10 часа од Сплит до Торино за 500.000 евра

Читај повеќе

Челси во необична позиција: Ќе мора да плати за да не го откупи Санчо

Читај повеќе

Шкупи го повлече дресот на Андреј Лазаров, клубот ќе го исплати целиот договор на неговото семејство

Читај повеќе

Познати барабаните за следната жрепка во Лигата на нации, Македонија во последниот

Читај повеќе

Нов Зеланд избори пласман на Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Германија, Шпанија, Португалија и Франција изборија фајнлфор во Лигата на нации

Читај повеќе