Анчелоти: Мислев се зафркаваат за Супер лигата

Италијанецот на клупта на Евертон откри дека мислел дека станува збор за шега кога беше објавен проектот за таканаречената Супер лига.

„Мојата прва реакција беше дека се зафркаваат, дека станува збор за шега! Тоа и е шега бидејќи никогаш нема да се случи. Невозможно е“, рече Анчелоти во изјава дадена за новинарите.

Тој потоа и објасни зошто таков проект во Европа нема поддршка. Проблемот е што Супер лигата е замислена по принципот на американските НБА, НХЛ, МЛБ, НФЛ и МЛС, односно затворена лига само за одредени клубови, каде резултатите не се, така многу, во прв план, но затоа заработката е огромна, а целото натпреварување повеќе наликува на шоу отколку на вистинско натпреварување.

„Спортската култура во Европа е различна од онаа во американските спортови. Не поради тоа што ние сме во право, а тие не, туку бидејќи културата на народот е различна. Во Америка, во САД, спортот е различен. Таму спортот е забава“.

„Во Европа живееме со многу поголема страст. Кога растеме, сакаме да ги победиме нашите соседи. Различно растеме. Во САД тоа не е спорт. Сега дел од фудбалот е и бизнисот, но мораме и двата да ги имаме предвид“, објаснува италијанскиот стратег.

„Фудбалот е прво спорт, а потоа со многу инвестиции, исто така станува и бизнис. Мораме сето тоа да го имаме предвид, тоа е многу нормална работа“.

Прашан дали бил загрижен поради тоа што Евертон најверојатно би бил изоставен од една таква Супер лига, Анчелоти одговори:

„Евертон е фамилијарен клуб, клуб каде може да се почувствува љубвта на навивачите. Евертон има историја на тоа да се грижи за своите навивачи многу повеќе од останатите“.

„За секој фудбалски навивач тоа беше чуден ден, изненадување. Во изминатите месеци слушавме за Супер лигата, но бев сигурен дека нема да се оствари. Што да кажам? Тие погрешија. Овие 12 клубови не беа во право. Не го зедоа предвид мислењето на играчите, тренерите или навивачите“, заврши Анчелоти.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе