Анчелоти: Реал ќе ми биде последниот клуб во тренерската кариера

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави дека мадридскиот клуб ќе биде последен во неговата тренерска кариера.

– Оваа фаза од кариерата во Реал Мадрид ќе биде последна. После „Кралевите“ ќе завршам. Реал Мадрид е врв на фудбалот. После такво искуство има смисла да се стави крај на кариерата, Il Messaggero го цитира Анчелоти.

Италијанецот се произнесе и за најважниот трофеј за Реал Мадрид во сезоната 2022/23.

– Најважниот трофеј во претстојната сезона? Лигата на шампионите. За историја и степен на тежина. Реал Мадрид е посебен клуб поради овој европски призвук. Нашиот петнаесетти трофеј во Лигата на шампионите ќе биде следен, рече Анчелоти.

Шеесет и тригодишниот тренер го водеше Реал Мадрид од 2013 до 2015 година, а во клубот се врати во 2021 година. Неговиот договорот е до 2024 година.

Со мадридскиот тим Анчелоти го освои шампионатот на Шпанија, Купот и Суперкупот на земјата, двапати стана победник на Лигата на шампионите и победник на Суперкупот на УЕФА.

реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Питагоровата теорема пронајдена на глинена плоча 1.000 години постара од Питагора

Read more

Скандинавскиот начин на спиење спасува бракови и врски: Нема повеќе кавги в кревет

Read more

Голем љубовен хороскоп за октомври 2023

Read more

Фудбал

Кои се топ 10 највредни млади фудбалери до 21 година?

Read more

Турција ја повлече кандидатурата - ЕУРО 2028 ќе се игра на Британските Острови

Read more

Милевски објасни зошто ги изоставил Несторовски и Дориан, а го викнал Чурлинов

Read more

Муцунски: Вардар и Комити добиваат нов спортски терен во Аеродром, поддршката за клубот продолжува и во иднина

Read more
 

Спорт

Кои се топ 10 највредни млади фудбалери до 21 година?

Читај повеќе

Турција ја повлече кандидатурата - ЕУРО 2028 ќе се игра на Британските Острови

Читај повеќе

Милевски објасни зошто ги изоставил Несторовски и Дориан, а го викнал Чурлинов

Читај повеќе

Муцунски: Вардар и Комити добиваат нов спортски терен во Аеродром, поддршката за клубот продолжува и во иднина

Читај повеќе

Милевски повика 25 играчи за одлучувачкиот натпревар против Украина

Читај повеќе

Ван Хал по 19 години се врати во Ајакс

Читај повеќе

Скандал во Динамо: Во авионот прошверцувалe хулиган од Атина

Читај повеќе
  • play_arrow

Тен Хаг незапирливо го води Јунајтед во амбис: Сруши негативен рекорд кој стоеше од 1986

Читај повеќе

Фиорентина го надмина Манчестер Јунајтед по број на постигнати голови годинава

Читај повеќе