Реал Мадрид синоќа во рамките на 7. коло од Ла Лига одигра само 1:1 дома против Осасуна на „Сантјаго Бернабеу“, па тренерот Карло Анчелоти се обиде да ја спушти топката.

Реал играше без Лука Модриќ и Тибо Куртоа, а поведе преку Винисуис Жуниор во 42. минута. Гостите до Памплона израмнија во 50. минута преку Кике Гарсиа, а иако имаше доволно време за Реал да постигне победнички гол, сепак не успеа, а дури промаши и удар од белата точка кога Карим Бензема ја погоди пречката во 79. минута. Отогаш гостите беа и со играч помалку бидејќи Давид Гарсиа доби црвен картон за фаулот за пенал.
„Размислував да го сменам изведувачот на пенали, но Карим е најдобриот што го имаме. Минатата сезона ги изведе двата најважни пенали и погоди, па одлучив да го оставам“, рече Анчелоти на прес-конференцијата по натпреварот.
„Секогаш се прави драма кога Реал нема да победи. Немаме изговор за ова реми бидејќи екипата одигра јако и покрај играчите кои недостасуваа. Досега во првенството игравме доста добро, а вакви натпревари може да се случат. Не се сомневам дека уште на наредниот натпревар ќе имаме реакција“, додаде.
Реал сега прво во среда игра против Шахтар во Лигата на шампиони, додека во сабота гостува во блискиот град Хетафе кај истоимениот ривал.