Анџелина Џоли по 8 години повторно е во врска

Осум години по разводот од Бред Пит, се чини дека Анџелина Џоли е повторно вљубена.

Актерката и режисерка минатиот викенд приреди вечерна забава во Њујорк во чест на нејзиниот одржлив моден бренд Atelier Jolie.

Само избран круг на луѓе беа на овој настан. Меѓу нив беше и 40-годишниот Акала, за кој се верува дека е новиот романтичен партнер на познатата актерка.

Акала, кој за прв пат беше фотографиран во друштво на актерката за време на филмскиот фестивал во Венеција, и овојпат ја поддржа својата сакана.

Фотографиите осамнаа на социјалните мрежи, а извори блиски до Џоли во една прилика за In Touch изјавија дека таа се гледа со 40-годишен маж нешто повеќе од една година.

„Мислам дека фактот дека тој е добар со нејзините деца игра голема улога во нејзината привлечност кон Акала, освен физичката, бидејќи тоа ѝ е многу важно“, вели изворот и додава:

„И двајцата се големи љубители на патување и откривање различни култури. Помина долго време откако не почувствувала ваква страст.“

Да потсетиме, Анџелина Џоли и Бред Пит се венчаа во 2014 година. Сепак, нивната љубовна приказна заврши само две години подоцна, поточно Анџелина поднела барање за развод од познатиот актер во 2016 година. До денес не се решени сите спорови меѓу двајцата, но секој си тргна по својот пат.

 Според последните информации, Бред Пит долго време е во врска со нутриционистката Инес де Рамон, додека Анџелина дури сега, после 8 години сингл, ја пронашла својата втора љубов.

реклама

Филм & ТВ

Прв тизер за долгоочекуваната суперхеројска серија со Николас Кејџ

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Кевин Спејси ја доби првата голема улога по скандалот

Read more

Македонскиот краток филм „Избор“ освојува меѓународни награди и признанија

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Прв тизер за долгоочекуваната суперхеројска серија со Николас Кејџ

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кевин Спејси ја доби првата голема улога по скандалот

Читај повеќе

Македонскиот краток филм „Избор“ освојува меѓународни награди и признанија

Читај повеќе
  • play_arrow

Големи промени на Netflix: AI ќе ви помага да пронајдете филмови и серии

Читај повеќе

Поткастите влегуваат во конкуренција за Златен глобус

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв акустичен концерт на Д.Н.О. по 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави тизер за последната сезона на Squid Game

Читај повеќе

Мадона позираше со 38 години помладиот нов дечко

Читај повеќе