Андерсон спаси меч-топка и го елиминираше Федерер по голем пресврт

Лондон, 11 јули 2018 (МИА) - Осумкратниот шампион на „Вимблдон“, Роџер Федерер, беше елиминиран во четвртфиналето на Гренд слем турнирот во Лондон.

Минатогодишниот шампион загуби од 6:2, 7:6 (5), 5:7, 4:6, 11:13 од Кевин Андерсон (Јужна Африка) по 4 часа и 14 минути игра, во својот прв натпревар на теренот бр. 1 од 2015 година.
 
Јужноафриканецот за прв пат во кариерата ќе игра полуфинале на турнирот кој се игра на терените на „Ол Ингланд клубот“.
 
Швајцарецот започна многу самоуверено и направи брејк уште во првиот гем, а до крајот на првиот сет загуби само еден поен на сопствен сервис.
 
Во вториот дел тој загуби за првпат на свој сервис на „Вимблдон“ по 85 последователни освоени сервис-гема, но Андерсон не ја искористи предноста од 3:0 во гемови и допушти пресврт, а Федерер го израмни рекордот од 34 последователни освоени сета во Лондон.
 
Третиот дел одеше без брејкови, а при 5:4 и сервис на Андерсон, Швајцарецот стигна до меч топка, но не ја искористи. Веднаш потоа Јужноафриканецот реализира брејк и го намали заостатокот.
 
Во четвртиот сет Федерер допушти грешка во седмиот гем, а во десеттиот имаше можност да го врати брејкот, но не ја реализира својата шанса.
 
Во одлучувачкиот петти дел, Швајцарецот играше подобро и во осмиот гем стигна до брејк  повторно, но повторно не успеа да го реализира. Така при 11:11 во гемови и 30:30, Федерер ја направи првата двојна грешка, а потоа Андерсон ја реализира единствената шанса за брејк во сетот, по што го затвори натпреварот при сопствен сервис.
 
Тој заврши со 28 аса и победи, иако освои помалку поени - 190:195, од својот противник во натпреварот.
 
Во полуфиналето, Андерсон го очекува победникот на натпреварот помеѓу Милош Раониќ и Џон Иснер.
реклама

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе