Андријана Јаневска: По ова издание на Евровизија, донесов правилна одлука што не прифатив да ја претставувам Македонија

Нашата пејачка Андријана Јаневска е разочарана од годинешното издание на Евровизија. Таа вели дека по ова издание на Евровизија, донела правилна одлука што не прифатила да ја претставува Македонија.

„Минатата година тимот на МТВ ме покани да ја претставувам Македонија на Евровизија 2024 во Малме. Им одговорив дека со задоволство ќе прифатев да беше 2000 година кога се натпреварував со ‘Твоето писмо моја библија’ или 2001 година кога на Скопскиот фестивал победив со ‘Носталгија’. Тогаш имав 20 години, кариерата ми беше во подем и имав желба да направам нешто за Македонија. Исто така, тоа беа времиња кога Евровизија сè уште важеше за некаков културно-уметнички натпревар помеѓу народите и кога секоја земја се натпреваруваше со песна на својот јазик“, вели таа во својата фејсбук-објава и додава:

„Денес, имам 42 години и се чувствувам исполнето, среќно и остварено на приватен и професионален план. Што се однесува до мојата желба да направам нешто за Македонија, тоа го направив преку докторскиот труд на кој работев девет години, со кој успеав да заштитам над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, кои соседните држави претходно суптилно, а во последен период јавно почнаа да ги претставуваат како свои. Благодарност до МТВ за укажаната можност, но по ова издание на Евровизија, сметам дека донесов правилна одлука“, заклучи Јаневска по годинешното издание на Евровизија.

Швајцарија победи на Евровизија со одлука на стручни жирија од 37 земји кои годинава учествуваа на Евровизија.

Гледачите беа целосно изненадени од победата на Швајцарија, која имаше 15% шанси за победа во однос на 50% на Хрватска. Особено што во финалето влезе од само четвртото место во полуфиналето. Евровизиската заедница и обложувалниците претпоставуваа дека Израел ќе добие голем број поени од публиката.

реклама

Вучиќ: Вечерва ставив крај на кариерата

Read more

Како правилно се чисти чергичето пред врата?

Read more

Лекар советува каков чај да пиете за намалување на крвниот притисок

Read more

Скопје за време на Прва светска војна

Read more

Музика

Селин Дион низ солзи зборуваше за ретката болест: Ако не можам да одам, ќе ползам

Read more

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Андријана Јаневска: По ова издание на Евровизија, донесов правилна одлука што не прифатив да ја претставувам Македонија

Read more
 

Сцена

Трејлерот за новиот филм со Блејк Лајвли е прегледан повеќе од 222 милиони пати

Читај повеќе
  • play_arrow

Селин Дион низ солзи зборуваше за ретката болест: Ако не можам да одам, ќе ползам

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеј Ло затечена од новинар кој ја праша за разводот од Бен Афлек

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер со Лиам Хемсворт како Witcher, сите го коментираат истото

Читај повеќе
  • filter

Деми Мур по 25 години се врати во Кан, публиката ѝ аплаудираше 13 минути

Читај повеќе

Полициска истрага за смртта на Метју Пери: Кој му го дал кетаминот?

Читај повеќе

The Rock изгледа непрепознатливо во неговата нова улога

Читај повеќе
  • play_arrow

Новинар ја изненади Ема Стоун кога ѝ се обрати со вистинското име

Читај повеќе
  • play_arrow

Филмот за Доналд Трамп разгоре контроверзии во Кан

Читај повеќе