Филм & ТВ

Анџелина Џоли пробала да го спаси бракот со Бред Пит со снимање заеднички филм

6. декември 2017 - 16:52 | А.С.

Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се разведоа лани во септември, но нивниот заеднички живот и разводот уште ја фасцинираат јавноста.

Иако неколку пати досега зборувала за нејзините чувства, за семејството, за најтешките моменти низ кои поминала, актерката овојпат се отвори пред јавноста за нејзиниот брак со Пит, односно како се обидела да го спаси.

Американската актерка за „Hollywood Reporter“ изјави дека сметала дека ако пак работи на нов филм со Бред Пит, тоа ќе ги реши нивните проблеми во врската.

Така во 2015 година дошла до идеја да напише сценарио и да ја режира драмата „By The Sea“, филм во кој тие двајцата ги имаат главните улоги.

Базиран на личните проблеми што ги имале тие двајца во тоа време, филмот открива приказна за двојка што се соочува со сериозни проблеми во бракот.

„Се запознавме додека работевме заедно и тоа ни одеше добро. Сакав да направиме нешто сериозно. Сметав дека тоа е одличен начин да комуницираме. И на некој начин беше, а на друг-барем научивме некои работи. Сепак ни беше тешко поради ситуацијата што следеше и што нема врска со филмот“, истакна Џоли.

Иако не успеале да го спасат бракот и да ги решат потешкотиите со кои се соочиле понатаму, актерката смета дека добро соработувале заедно на овој проект.

„Драго ми е што го снимивме тој филм бидејќи истражувавме нешто заедно. Можеби не среди некои работи, но имавме комуникација што ни беше многу потребна“, заклучува Џоли.

Џоли и Пит се запознаа на снимањето на филмот „Mr&Mrs Smith“ во август, 2004 година. Беа заедно 12 години и имаат шест деца, од кои три биолошки и три посвоени.

Коментирај