Анелка: Меси не е број еден, мора да игра за Мбапе

Поранешниот играч на ПСЖ и европски шампион со Франција од ЕУРО 2000 смета дека Меси мора да разбере дека не е повеќе главен како што беше во Барса, и да почне да игра за Мбапе.

Никола Анелка е дете на ПСЖ каде од младинската академија излезе во 1996 година и веднаш се покажа како расен голгетер. Арсенал брзо го купи, а потоа играше и за Реал, повторно ПСЖ, Ливерпул, Манчестер Сити, Фенербахче, Болтон, Челси, Шангај, Јувентус, ВБА и Мумбај Сити.

Како Французин и поранешен играч на ПСЖ ги следи случувањата во францускиот фудбал, особено откако во тимот летово пристигна ѕвездата Лео Меси. Но, ПСЖ сѐ уште не покажува доминација каква што се очекува, а Анелка смета дека проблемот е во нападот каде трите ѕвезди Меси, Нејмар и Мбапае треба да соработуваат еден со друг. Анелка нема дилеми - главен играч треба да биде Мбапе, а не Меси.

„Нападот мора да биде предводен од Мбапе, бидејќи тој е број еден. Меси беше во Барселона, но нега мора да му служи на Мбапе. Тој во клубот е пет години и Меси мора да има почит за него“, вели поранешниот голгетер говорејќи за Le Parisien.

„Тој е феноменален играч кога станува збор за брзината, нема никој подобар од него. Доколку ПСЖ сакаат да го имаат најдобриот тим, мота да направат сѐ за да го задржат“, додаде осврнувајќи се на гласините дека младиот Французин сака да си замине наредното лет.

„Тој ја сонува Златната топка. Доколку Килјан изминативе три сезони играше во Англија или Шпанија, веќе ќе ја имаше освоено. Како може да ја освои кога игра во шестата најдобра лига според коефициентот на УЕФА?“, Анелка ја разбира желбата на Мбапе за проме на средината.

ПСЖ вечерва од 21 часот го пречекува Манчестер Сити во Лигата на шампиони, а настапот на Меси нема да се знае до последен момент поради повреда на коленото.

реклама

Ако станам премиер ќе го екстрадирам Груевски во Македонија, најави лидерот на унгарската опозиција

Read more

Која храна е најштетна за цревата?

Read more

Колку соларни панели му се потребни на едно домаќинство?

Read more

ЕУ драстично ја казни Полска: Варшава мора да плаќа милион евра дневно

Read more

Фудбал

Јужноамериканците одбиваат да играат на Светско првенство на секои две години

Read more

Чави прифати да се врати во Барселона

Read more

Наполи нема да учествува на Марадона купот

Read more

Барселона сака да го назначи Чави на тренерската позиција

Read more
 

Спорт

Јужноамериканците одбиваат да играат на Светско првенство на секои две години

Читај повеќе

Чави прифати да се врати во Барселона

Читај повеќе

Наполи нема да учествува на Марадона купот

Читај повеќе

Барселона сака да го назначи Чави на тренерската позиција

Читај повеќе
  • play_arrow

Столе Димитриевски херој во триумфот на Рајо над Барселона

Читај повеќе
  • play_arrow

Историски дебакл на Баерн, Милер им се извини на навивачите

Читај повеќе

Барселона по серија лоши резултати му даде отказ на Куман

Читај повеќе
  • play_arrow

Сасуоло го шокираше Јувентус среде Торино

Читај повеќе

Анчелоти: Азар е здрав, само претпочитам други играчи

Читај повеќе