Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, по денешната 19 седница пред новинарите изјави дека сè уште не е пристигнато барањето од Владата за постапка за разрешување на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски во рок од 15 дена.
На прашање како ја оценува работата на Зврлевски, Аневски, кој важи за близок до јавниот обвинител, одговори дека „Зврлевски е перфектен обвинител“.
Дополнително, Аневски соопшти дека ќе бидат распишани огласи за пополнување на 15 обвинителски места бидејќи добиле известување од Обвинителството за организиран криминал и корупција дека на голем дел од обвинителите мандатот им е при крај или им истекол.