Ангела Меркел и нејзината влада положија заклетва пред долниот дом на германскиот парламент Бундестаг, речиси шест месеци после изборите, во најдолгиот период потребен за формирање на влада во историјата на оваа сојузна република.
Завршувајќи со фразата „Боже помогни“, Меркел ја положи заклетвата во Берлин пред претседателот на парламентот и поранешниот министер за финансии.
Петнаесет министри во владата подоцна во попладневните часови положија заклетва.
Бундестаг од порано ја именуваше Меркел на четвртиот мандат како канцеларка, со 364 од 688 гласови, за време на тајното гласање денеска наутро.
Најмалку 355 гласови се неопходни во долниот дом на парламентот кој се состои од 709 пратеници. Против нејзин реизбор биле 315 гласачи, а девет пратеници останале воздржани.