Ангела Меркел јавно го искритикува Трамп

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека Германија и Европа веќе не може да се потпрат на САД под водство на Трамп, откако претседателот на најсилната економија во светот одби да го поддржи Парискиот договор од 2015 година за намалување на испуштањето штетни издувни гасови.

„Времето кога можевме целосно да се потпреме на другите е речиси завршено, како што воочив во изминативе неколку дена“, рече Меркел.

„Затоа имам да кажам само едно: Ние, како Европејци мора да ја земеме нашата судбина во свои раце, секако во пријателство со САД и со Велика Британија, со добри меѓусоседски односи кога тоа е возможно, исто така и со Русија и со други земји, но мора да снаеме дека ќе се бориме за нашата иднина и нашата судбина сами како Европејци.“

Коментарите на Меркел следеа непосредно откако Доналд Трамп одби да даде конечна одлука за законски обврзувачкиот меѓународен договор за климатски промени што делумно го издејствува неговиот претходник Барак Обама во 2015 година. Оттогаш договорот го потпишаа 195 земји.

„Целата дискусија за климатските промени беше многу тешка, дури и многу незадоволителна“, рече Меркел. „Нема никакви индикации дали САД ќе останат зад Парискиот договор или не.“

Трамп претходно за глобалното затоплување рече дека е „кинеска измама“ и неговата администрација систематски преиначи многу политики што беа воведени во времето на Обама насочени кон зауздување на климатските промени.

Лидерите на Г7 објавија груба изјава по самитот во која се вели дека „САД се во процес на разгледување на својот став кон климатските помени и Парискиот договор и затоа не се во позиција да се приклучат кон консензусот по  ова прашање.

Некои медиуми наведуваат бројни извори кои велат дека Трамп сака САД да се повлечат од Парискиот договор, а други извори тврдат дека има планирани средби на главни извршни директори на енергетски компании и големи корпорации на оваа тема.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Read more

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Read more

Полска подготвена за голема војна со Путин

Read more
 

Вести

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе