Свет

Ангела Меркел ќе мора да оди во карантин, била во контакт со заразен доктор

23. март 2020 - 9:06 | М.С.

Канцеларката на Германија, Ангела Меркел ќе мора да биде во карантин откако дозна дека се состанува со лекар кој во меѓувреме бил тестиран на коронавирус и неговиот тест e позитивен.

Како што пишува Kurier, оваа информација во Берлин ја потврди Владата на Германија.

Имено, во петок, Ангела Меркел одржала состанок со докторот кој во меѓувреме бил тестиран за коронавирус, и поради тоа таа извесно време ќе помине во карантин за да го сочува нејзиното, но и здравјето на околината.

Меркел го повика населението да се жртвува за доброто на целата заедница.

„Јавниот живот и социјалните контакти ќе бидат ограничени со воведувањето на новите правила. Треба да се придржувате кон овие мерки за да го спречиме ширењето на вирусот“, рече Меркел.

Коментирај