КОМПАНИЈАТА НАЈАВИ ЦЕЛОСНО НОВ ИМИЏ

Ангелите на Victoria’s Secret заминуваат во историјата

Со ребрендирање и целосна промена на деловната стратегија на модниот бренд на Victoria’s Secret, ќе се укинат славните „Ангели“ и ќе бидат заменети со „амбасадори“ кои нема да бидат бирани само врз основа на изгледот.

Со децении Victoria’s Secret ги збираше на едно место најубавите модели, жени кои беа заштитни лица на брендот и учествуваа на годишното модно шоу, носејќи ја титулата „Ангел“.

Сепак, како дел од новата стратегија, планирано е брендот за долна облека да се движи во многу посовремен правец - ангелите ќе бидат заменети со амбасадори воведени за да инспирираат промени и позитивност, а фокусот повеќе нема да биде само на физичкиот изглед.

Брендот исто така ќе започне серија нови хуманитарни партнерства за да помогне во поддршката на животот на жените ширум светот.

Овие нови амбасадори ќе формираат VS Collective кој ќе биде „растечка група успешни жени кои имаат заедничка страст да водат позитивни промени“.

Првите имиња на списокот вклучуваат модели како што се: Адут Акеч, Пријанка Чопра Џонас, Валентина Сампајо, Палома Елсесер, Меган Рапино, Ајлин Гу и Аманда де Каденет.

URL

„Со VS Collective создаваме платформа што ќе гради нови, подлабоки односи со сите жени“, рече Марта Пис, главен директор за маркетинг во Victoria’s Secret.

„Преку низа соработки, деловни партнерства и иницијативи, внесуваме нови димензии на нашето искуство во брендот. Со комбинирање на енергијата, креативноста и перспективата на новите партнери со нашата мрежа, можеме да го трансформираме начинот на поврзување", рече Пис.

Брендот исто така ќе започне хуманитарен VS Global Fund за финансирање на иновативни истражувачки проекти насочени кон унапредување на терапијата против рак кај жени и инвестирање во следната генерација жени научници што ја претставуваат различната популација на која им служат, обезбедувајќи најмалку 5 милиони долари годишно за испитување и да се осврнат на расните и родовите прашања.

Овие најави поставуваат нова насока во која планира да оди брендот за долна облека, а кој долго време беше критикуван заради сексистичкиот и застарен пристап кон маркетингот.

„Ова е драматична промена за нашиот бренд и е промена што ја прифаќаме од нашата срж“, рече Мартин Вотерс, извршен директор, нагласувајќи дека ова е само почеток.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе