Ангелов дециден: Снегот нема да ги изненади институциите, државата е спремна за зимската сезона

Како држава сме подготвени за зимската сезона порача директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Заклучокот, како што нагласи, доаѓа по одржаниот координативен состанок со повеќе државни институции на кој биле разгледани институционалните капацитети за чистење на снегот на патиштата и подготвеноста за благовремено пружање на помош на граѓани доколку за тоа има потреба.

„Оваа година надлежните институции нема да бидат изненадени, бидејќи капацитетите на ЈП за државни патишта, како и ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта се целосно подготвени. Бројот на камиони е доволен за територијата на државата“, појасни Ангелов.

Според него, во случај на потреба на сопирање на сообраќајот на некои критични точки, особено пред превоите, МВР ќе испрати засилени екипи. Дополни дека ДЗС на располагање има два тима со возила со гасеници кои се оспособени да отидат до тешко пристапни терени доколку е потребно и да се пружи помош за некој загрозен граѓанин.

„Апелирам граѓаните во претстојниот период да користат зимска опрема, особено зимски гуми и да имаат ланци. Најдобрата препорака е доколку немаат неопходна потреба, да не излегуваат непотребно на патишта каде има превои односно места каде патиштата минуваат на околу 1.000 метри надморска височина. Безбедноста да биде на прво место“, нагласи тој.

Оцени дека камионите за чистење на снег имаат обезбедено доволна количина на сол и веднаш ќе излезат на терен кога за тоа ќе има потреба.

„Нашите капацитети за чистење на снег воопшто не се за потценување и не се послаби во однос на регионот“, истакна Ангелов.

реклама

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Read more

Зошто папата не може да биде донатор на органи?

Read more

Македонија

Утре нестабилно време со врнежи и грмежи

Read more

Јакимовски: Пресудата е политички мотивирана

Read more

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more
 

Вести

ЕУ: Ако не постигнеме договор со Америка за царините, ќе одговориме со контрамерки

Читај повеќе

Трамп го нападна Зеленски за неговите изјави за Крим: Заврши ја работата, ќе ја изгубиш целата земја

Читај повеќе

Зошто папата не може да биде донатор на органи?

Читај повеќе

Утре нестабилно време со врнежи и грмежи

Читај повеќе

Јакимовски: Пресудата е политички мотивирана

Читај повеќе

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Читај повеќе

Свириденко: Украина е подготвена за преговори, но не и за предавање

Читај повеќе

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Читај повеќе

Американската пијанистка Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65-то Охридско лето

Читај повеќе