Ангелов е против добивање државјанство со тројца сведоци

Владата работи на најбрзо можно набавување на вакцините и верувам дека вакцините ќе стигнат благовремено и граѓаните барем ранливите категории ќе ги добијат благовремено, изјави Стојанче Ангелов, в.д. директор на Центарот за управување со кризи вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија во која гостуваше и Александар Пандов, претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето дали е достоинствено да се бара и добие помош од Бугарија, Ангелов нагласи дека секоја помош е добродојдена и треба да се разграничат областите.

– Ние добивме вето за одредена тема, но хуманоста е сосема друга тема, бидјеќи во ситуација кога луѓе секојдневно умираат и се разболуваат, и трпат тешки последици од болеста гордоста може да кошта скапо, рече тој.

Наведе дека во однос на прашањето за вакцините од Бугарија лично се наоѓа во непријатна ситуација затоа што го води Главниот штаб за борба против COVID-19 и ја почитува политиката на Владата.

„Во однос на политиката на Владата што е решена да ги продолжи преговорите со Бугарија, во овој момент би било од политички аспект неумесно да се одбие таква помош“, оцени Ангелов.

На новинарско прашање што ќе се случеше ако од македонска страна имаше навредливи изјави како оние дадени од бугарски политичари, Ангелов истакна дека би имало жестока реакција од другата страна.

„За жал ние сме во подредена состојба затоа што ние сме тие што бараат да влезат во ЕУ. Ние се наоѓаме во ситуација да мораме да преговараме со надеж дека во Бугарија ќе дојдат разумни политичари кои ќе се откажат и ќе ги омекнат овие апсурдни барања, што од македонска страна никој и никогаш нема да ги прифати“, рече Стојанче Ангелов.

Според него, премиерот Зоран Заев со неговата реторика пред меѓународната јавност, како што потенцира Ангелов, направи клима дека ние сме подготвени да разговараме, но бугарската Влада е таа што излегува со неразумни барања и стекнавме, подвлече, предност во меѓународната јавност.

Ангелов смета дека историјата треба да остане посебен предмет и тука, рече, немам дилеми. – Во делот на историјата не смее да се чепка, треба да ја учиме нашата македонска историја, истакна тој.

За барањето на Алтернатива и Алијанса во врска со албанскиот јазик во образованието, Ангелов смета дека албанскито јазик не може да биде задолжителен јазик.

„Тоа е барање не верувам дека ќе биде усвоено, јас сум против задолжително учење на албански јазик. Макеондскиот јазик мора да го познава секој граѓанин на  СевернаМмакеоднија на ниво да може да говори течно македонски“, рече меѓу другото Ангелов.

За него добивање државјанство со тројца сведоци е апсурд.

„Јас сум овде категоричен, треба да бидеме многу претпазливи со давање државјанство. Има закон со кој е пропишано како се стекнува државјанство. Ние веќе имаме едно негативно исксутво, во времето на Киро Глигоров“, рече Ангелов.

Смета дека за пописот  треба сериозно да се земат и забелешките од опозицијата. Пописот е широка статистичка операција, рече и нагласи дека тој е против таков предлог.

За Пандов, власта е неспособна да набави вакцини, додека земјите во регионот имаат вакцини и посочи дека соседните држави се во многу подобра ситуација од нас. 

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе