Ангелов најави воведување број 112 за повикување помош по европски модел

Претседателот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов најави дека во моментов се работи на воспоставување и имплементација на повикувачки европски број за помош 112. Ангелов посочи дека на овој број граѓаните ќе ја добијат помошта што им е потребна во моментот, односно пријава на физички напади, сообраќајни несреќи, пожари и медицинска помош.

– Помошта што граѓаните денес ја бараат на броевите 192, 193 и 194 ќе биде концентрирана во еден број, тоа е бројот 112 како што е во цела Европска Унија. Од страна на Унијата донирани се околу еден милион евра за набавка на средства и опрема и обука на лицата кои ќе работат на овој број, изјави Ангелов.

Тој додаде дека државата досега има обезбедено просторни услови и работат на селекција на луѓе кои ќе работат на овој број, односно приматели на повиците на линијата 112.

Ангелов најави дека процесот е во тек и се очекува бројот да биде во функција во текот на јуни оваа година. Во однос на сегашните броеви за прва помош, Ангелов истакна дека тие нема да бидат укинати веднаш и во прва фаза, според нивна проценка, броевите ќе бидат активни околу една до две години.

Претседателот на ЦУК објасни дека новата линија за повик на помош ќе работи така што кога граѓанинот ќе побара помош, дежурниот оператор на бројот 112 ќе го пренасочи повикот таму каде што треба. Ангелов истакна дека не станува збор за механичко препраќање на повикот, односно операторот ќе се погрижи соодветната потребна помош да пристигне таму каде што е повикана. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе