Ангелов: Со Апасиев и Петровски дебатираме жестоко, а потоа пиеме кафе

Стојанче Ангелов, познат во јавноста како Генералот, вели дека не сите јавни дебати продуцираат омраза, за што наведе пример со двајца негови противници со кои на ТВ изгледа непријателски, а всушност пред или по дебатата заедно пие кафе.

Предзиборната кампања, покрај купот негативните спотови од политичките партии, на граѓаните им сервбираше и дебати полни со омраза, цинизам, исмевање и секаков вид на напад и омаложување на противникот. Дека не сите дебати се се такви открива лидерот на Достоинство кој во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ даде пример дека постојат и нормални политичари кои кои и покрај крајно различните ставови тој пред или по дебатите оди на пријателско кафе.

„Јас, во сите мои дебати или ТВ дуели, ги повикувам гледачите да не наседнуваат на нашата жестока реторика. Затоа што, ќе го спомнам Филип Петровски, или Димитар Апасиев, ние дебатираме жестоко, но пред или по емисијата ние обично пиеме кафе во коешто разговараме најнормално. Ние не ги променуваме нашите ставови. Нашите ставови пред, за време и после емисијата се исти, но не чувствуваме омраза едни кон други. И ако се сретнеме на улица ние не се одминуваме, ние секогаш се поздравуваме“, вели Генералот.

Ангелов, чија партија е дел од коалицијата со владејачката СДСМ, открива и дека за многу работи има различни ставови со своите коалициони партнери.

„Јас тоа го кажувам, но треба сите да посветиме внимание на тоа, бидејќи додека ние се расправаме, негативната енергија којашто оди во етерот и којашто ја примаат гледачите е мултиплицирана, бидејќи не секој еден обичен граѓанин има капацитет да ја апсорбира и да сфати дека тоа се различни стваови, дека ние не можеме да очекуваме од различни луѓе да имаат исти сфаќања за различни работи. Ние дури и во нашата коалиција, па и во самата партија имаме различни сфаќања за исти теми, нешто поради што посебно го почитувам претседателот на СДСМ Зоран Заев затоа што не само од него, туку и од раководството на СДСМ имам можност слободно да ги изразувам моите ставови коишто во одреден дел се разликуваат од нивните“, заврши тој.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе