УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2020/21

Ангеловски: Ако Италија и Шпанија се жалат за играње 3 натпревари во 9 дена, што останува за нас?

Филип Здравески
/ 13.10.2020 / 15:33

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација разјасни неколку дилеми во пресрет на утрешниот дуел против Грузија.

Фото: Петр Стојановски / ФФМ

Македонија влегува во овој натпревар по киксот во Талин каде примивме дури три голови и тоа од прилично слабата Естонија. Згора на сѐ, утрешниот противник ни е и главна пречка на патот до ЕУРО бидејќи во ноември го играме финалниот бараж токму со нив.

„Без разлика што не го остваривме планираното во Естонија, но не да заборавиме дека ние главната цел во овој циклус ја остваривме, а тоа е што Македонија е во бараж за Европско првенство. Го анализиравме натпреварот, свесни сме каде погрешивме, почнувајќи од мене па до фудбалерите заедно. Утре имаме натпревар со противник со кој ќе се сретнеме во финалето, но најпрво мислите се на овој натпревар што ни следи затоа што моментално сме на првото место и не планираме така лесно да го отстапиме. Без разлика на сите отсуства, без разлика на сите повреди, оние што ќе истрчаат на терен должни се да го извадат максимумот за да стигнеме до победа која ќе нѐ остави на првото место“, вели селекторот.

Фото: Петр Стојановски / ФФМ

Со оглед на тоа што двете репрезентации повторно ќе играат за месец дека, има многу шпекулации дека и двајцата селектори ќе калкулираат утре со цел да не го запознаат противникот со својата игра и тактика. Нормално, тука се и проблемите со повредени и суспендирани во двата табора.

„Прв пат играме во седум дена три натпревари, првиот, да не се навраќам, знаеме сите колку беше важен, самото значење на натпреварот, од психолошки аспект, од физички аспект. Ако репрезентации од калибарот на Италија, Шпанија пратија револт до УЕФА дека играат три натпревари во 9 дена, што останува за нас помалите селекции. И селекторот на Грузија има низа повредени и отсуства, но на нас селекторите останува не она што си го планирал туку она што го имаш да му го извадиш максимумот. Како за него, така и за мене. Од она што го имаме на располагање ќе се обидеме да го извадиме најдоброто бидејќи не верувам дека и тие не сакаат да бидат први во групата затоа што ова е натпревар за Лига на нации. Така да очекувам она што го има најдобро во моментот на располагање да го извади, истото важи и за мене, така да од тој аспект не очекувам некои изненадувања“, изјави селекторот Игор Ангеловски.

Македонија под водство на Ангеловски игра со тројца во задната линија, но понекогаш знае да промени на четворица. Токму тоа се случи и со Естонија во неделата кога уште еднаш се покажа дека таа формација лесно прима голови.

„Двете формации се практикувани од моја страна веќе подолг период и со двете сме бележеле добри резултати. Можеби сме покомпактни со тројца и можеби утре ќе настапиме така, но тоа сега не можам да го откријам. Нормално, фудбалерите веќе знаат со која формација ќе излеземе“, рече тој.

Фото: Петр Стојановски / ФФМ

Синоќа селекторот дополнително повика петорица нови фудбалери, а по само некој час едниот експресно отпадна. Се работи за дефанзивецот Агрон Руфати кој денеска не можеше да игра за У21 репрезентацијата поради суспензија од жолти картони, а УЕФА пресече дека суспензијата важи и за утрешниот натпревар без разлика што се работи за друга категорија. Селекторот ги објасни причините за бизарниот проблем.

„Руфати поради жолти картони, од кои последниот го доби на натпреварот со Казахстан, од Федерацијата добив информација  дека, бидејќи ден пред натпреварот е нивниот натпревар, ќе ја одлежи суспензијата и можам да сметам на него. Кога добив таква информација му испратив повик, меѓутоа, потоа на мое инсистирање побарав да се прати до УЕФА дополнително толкување дали фудбалерот смее да настапи или не за случајно да не го ставиме во игра и да изгубиме службено. Од УЕФА ни пратија дека ден пред и ден после натпревар не смее да игра. Натпреварот на младите е од 14:30, со тоа 24 часа до следниот натпревар истекуваат и побаравме дополнително толкување дека истекуваат 24 часа, но УЕФА беше децидна дека ден после натпревар не може да игра и тоа е објаснувањето зошто така се случи со него“.

Стефан Спировски е со репрезентацијата, но има повреда. Според зборовите на селекторот тешко дека ќе може да помогне утре.

„За жал не го издржа тренингот и најверојатно нема да игра“, заврши Ангеловски на официјалната прес-конференција.

Натпреварот со Грузија се игра утре од 20:45 часот на „Тоше Проески“ во Скопје.

реклама

Баљум Баљум и Тетово велоград

Read more

Австрија ќе испрати 651.000 дози вакцини од ЕУ за Западен Балкан

Read more

Кран го донесе огромниот кревет во новата вила на Роналдо

Read more

Челси, Сити и Реал пред исфрлање од ЛШ, одлуката в петок

Read more

Фудбал

Перес уверува: Гарантирам дека нема да има суспензии

Read more

Челси, Сити и Реал пред исфрлање од ЛШ, одлуката в петок

Read more

Озил: Детскиот сон е освојување на СП и ЛШ, а не на Супер лига

Read more

УЕФА, Премиер лига, Ла Лига и Серија А се обединија против Супер лигата

Read more
 

Спорт

Перес уверува: Гарантирам дека нема да има суспензии

Читај повеќе

Челси, Сити и Реал пред исфрлање од ЛШ, одлуката в петок

Читај повеќе

Озил: Детскиот сон е освојување на СП и ЛШ, а не на Супер лига

Читај повеќе

УЕФА, Премиер лига, Ла Лига и Серија А се обединија против Супер лигата

Читај повеќе

Претседателот на УЕФА е особено повреден од предавството на еден човек

Читај повеќе

УЕФА го возвраќа ударот: Тешки санкции за учесниците во Супер лигата

Читај повеќе

Бајиќ е новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација

Читај повеќе

Тотенхем го отпушти Мурињо

Читај повеќе
  • play_arrow

YouTube ѕвездата Џејк Пол го нокаутира славниот ММА борач Бен Аскрен

Читај повеќе