Ангеловски и Ристовски: Подготвени сме за најважниот натпревар

Македонската фудбалска репрезентација со денешниот тренинг ги заврши подготовките за утрешниот натпревар против Украина, во рамки на второто коло во групата Ц на ЕУРО 2020.

Селекторот Игор Ангеловски на попладневната прес-конференција истакна дека тимот е подготвен за она што следува за најважниот меч кој веројатно оваа генерација ќе го игра.

– Најважната лекција е дека повторно веруваме дека имаме квалитет, затоа што до 80. минута имавме активен резултат против Австрија. Не се браневме, не игравме бункер дури имавме и ситуации да поведеме. Сепак, тоа не успеавме да го направиме, примивме гол по пад на концентрација. Сепак, следува меч со Украина, мислам дека имаме ситуација во која можеме да се поправиме на резултатски план, истакна Ангеловски.

Додаде дека дојдени се на ЕУРО со цел да се пласираат во втората фаза и оти таа фаза за нив е активна.

– Имаме пред нас ривал кој исто така има нула бодови, што значи дека ова за нас е финале. И да не успееме нема да биде трагедија, а нормално дека ќе дадеме сè од себе. Украинците се квалитетни, тоа го покажаа и против Холандија. Имаат одлични индивидуалци, но и ние имаме квалитет и покажавме дека можеме да се носиме со сите, оцени македонскиот селектор.

Стефан Ристовски истакна дека тимот е подготвен и физички и психички и дека не смее да се дозволи пад на атмосферата и некакво алиби за слаб настап.

– Професионалци сме и не смееме да дозволиме пад на атмосфера. Ова е големо натпреварување, ние не смееме да дозволиме ништо да не деконцентрира. Следуваат уште два меча, ќе го дадеме максимумот. Овде не дојдовме како туристи, имаме огромен квалитет. Со три блока, со бранење на нашиот гол и брзи контри да го изненадиме противникот. Кога играте со вакви селекции мора да сте подготвен за сè. Со Австрија се подготвувавме за едно, а тие излегоа со пет дефанзивци. Секој се обидува да те изненади, изјави Ристовски. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more
 

Спорт

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе