КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Ангеловски: На играчите им замерувам само за пропуштените шанси

Многуте пропуштени шанси синоќа во Букурешт ја чинеа македонската репрезентација освојување барем бод. Селекторо Игор Ангеловски токму само од тоа е незадоволен.

Фото: Игор Паневски / ФФМ

„За еден тренер е жалосно кога неговите играчи на 0:0 и на 0:2 ќе создадат толку зрели шанси, а на крај нема да се освои ниту бод. Сепак, гостувавме кај репрезентација која е главен фаворит за второто место во нашата група и покажавме дека можеме да се носиме со таков ривал. Не смее овој пораз да нѐ разочара, мора да се повратиме“, рече селекторот.

Несторовски, Пандев, Елмас промашуваа одлично шанси, особедо првиот кој уште во 8. минута промаши нешто недозволиво за фудбалер кој настапува во италијанската Серија А.

„Она што ни фалеше е завршница, да ги реализираме многубројните шанси. Тоа беше клучниот фактор, немањето реализација. Јас не памтам некогаш да сме имале толку многу шанси против ваков противник“, додава Ангеловски.

Кога Македонија успеа за две минути да постигне два гола и да израмни на 2:2 пред самиот крај, брзо стигна ново разочарување кога Јанис Хаџи постигна гол за победа.

„Мислам дека бевме добро поставени и при голот за 3:2, но топката среќно стигна до Хаџи, кој погоди. Не освоивме бод само заради многуте нереализираните шанси. Единствено што можам да им замерам на фудбалерите е лошата реализација“, искрен е селекторот.

Македонија токму на стадионот на кој настапи синоќа ќе ги одигра и првите два натревара од претстојното ЕУРО во јуни. По тој повод Ангеловски се обрати и до романската јавност.

„Овие два дена бевме перфектно пречекани и угостени од Романците. Веќе еднаш кажав дека романскиот народ е наш братски народ. Луѓето на стадионот и во хотелот беа гостопримливи и верувам дека романскиот народ ќе навива за Македонија на Европското првенство“, заврши тој.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Read more

По 12 години Портсмут се врати во Чемпионшип: Не ни треба Мурињо, си го имаме Мусињо

Read more

Луис Енрике му врати на Чави: ПСЖ ќе победеше и без црвениот на Араухо

Read more

Кој македонски фудбалер е меѓу најдобрите во Европа за 2024 година?

Read more
 

Спорт

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и да меча суспензија

Читај повеќе

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

По 12 години Портсмут се врати во Чемпионшип: Не ни треба Мурињо, си го имаме Мусињо

Читај повеќе

Луис Енрике му врати на Чави: ПСЖ ќе победеше и без црвениот на Араухо

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој македонски фудбалер е меѓу најдобрите во Европа за 2024 година?

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн си обезбеди пресметка со Јокиќ

Читај повеќе