Фудбал
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Ангеловски: На терен ќе излезат 11 фудбалери спремни за борба

9. октомври 2019 - 16:08 | Ф.З.

Селекторот Игор Ангеловски како и секогаш, така и утре вечер оди на победа. Кој и да истрча на „Тоше Проески“ е убеден дека ќе го даде максимумот.

„Очекувам добар натпревар, дуел на слични репрезентации на теренот. Имаме две отсуства, за нас тоа е проблем, но на терен ќе излезат 11 подготвени фудбалери, спремни за борба и игра и за она што сите го посакуваме. Не се сомневам во моите фудбалери“, изјави селекторот Ангеловски на денешната прес-конференција.

Тие двајца играчи за кои зборува нашиот селектор се повредениот креативец Енис Барди и латералниот бек Егзон Бејтулаи кој мора да одлеи суспензија од жолти картони.

„Не ме интересира во моментов табелата, размислувам само како да ја добиеме Словенија. Размислувам од натпревар во натпревар, прво Словенија, а потоа Полска“, заврши Ангеловски.

Во пресрет на утрешното 7-мо коло табелата изгледа многу израмнета, со исклучок на слабата Латвија.

Освен Македонија - Словенија, утре играат и Латвија - Полска и Австрија - Израел.

Коментирај