Ангеловски: На убав начин му го честитавме јубилејот на Пандев

Скопје, 22 март 2019 (МИА) – Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по синоќешната победа од 3:1 на Градскиот стадион во Скопје на почетокот на квалификациите за ЕП 2020, изјави е задоволен од играта и дека заслужено оствариле победа.

Алиоски постигна еден погодок, Елмас два, а Пандев запиша асистенција во неговиот јубилеен 100-ти натпревар во дресот на Македонија.

– На убав начин му го честитавме јубилејот на Пандев. Елмас беше одличен, со два гола му честиташе на батко Горан. Го остваривме тоа што го најавувавме, освоивме три бода. Мислам дека е сосема заслужено. Мислам дека моравме и порано да го решиме натпреварот, но на крајот добро се заврши, изјави селекторот Ангеловски по мечот.

Селекторот сепак истакна дека нема простор за еуфорија, откако дуелот со Словенија е веќе во недела и треба да се подготват за мечот во Љубљана. Словенија синоќа одигра нерешено со Израел на гости.

– Не треба да не фаќа еуфорија, не очекува нов меч, против Словенија во Љубљана. Мораме да се фокусираме на овој меч. Сакам да ги повикам нашите иселеници таму да дојдат и да ни дадат поддршка, додаде Ангеловски.

Дуелот од второто коло од квалификациите за ЕП 2020 е во недела од 20:45 часот на „Стожице“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе